Новогодишната ноќ и првиот ден од новата 2026 година (1 Јануари 2026 четврток) ќе ни донесе многу ладно време а тоа значи дека ќе бидеме под влијание на многу ладен бран од север и истиот ќе предизвика да дува засилен ветер од северен правец, велат метеролозите.
Врнежите од снег ќе бидат пообилни во западните предели од Македонија. Освен на повисоките места и на планините, помала снежна покривка ќе се формира и во повеќето градови од Македонија и тоа особено во западните предели.
Од понеделник следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни, особено во првите денови од следнава седмица, кога наместа ќе се спуштат до -10 степени,информираат од ЦУК – Прилеп
Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -7 до 1 степен, а преку ден тие ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Уште поладно утро ќе ни донесе денот понеделник, 29ти декември кога наутро температурите насекаде во Македонија ќе бидат под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степен, додека на високите места и на планините тие има услови да се спуштат и под -10 степени.









