Откупот заврши, започнува новата реколта

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта.

„За нас како Сојуз реколтата е доста успешна, поради тоа што 99% од количините се откупија во прва класа и без одбитоци и на тој начин задоволни се и тутунопроизводителите. Откупени се 26 120 000 кгр тутун по просечна цена од 418 денари за кгр.“ вели Киро Ристески од Сојузот на тутунски здруженија.   

Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите понудија повисоки цени од ланските. За претстојната производна сезона намерата е да се откупува по класи и да се врати на сила правилникот за проценка со цел да се промовира квалитетот како заштитен печат на македонскиот ориентален тутун.

„Преговорите за откупната цена за новата реколта завршија. Ние понудивме цени од 510 денари прва класа, 460 денари втора класа и 400 денари трета класа. Со тоа што ако ги прифатат нашите цени, дека ќе оди откупувањето на класи. Меѓутоа, тие ни понудија пониски цени. Оставаме да ги корегираат цените уште ден-два и после тоа ќе разгледаме, јавно ќе кажеме дека ние со нивните цени во овој момент не се согласуваме,“ вели Ристески.

Во отсуство на механизам со кој што ќе се корегираат цените во договорите по нагорна линија останува како и досегашните откупни кампањи да се бара со анекси на договорите да се решава овој проблем.

„Нашата борба ќе остане се’ до почетокот на откупот, дека ќе бараме да се потренат цените или со анекс на договори пред почетокот на да се ги изедначат цените и да ги зголемат цените врв основа на инфлација, на зголемени трошоци, на се’ останато друго“, додава Ристески, според кого интересот за новата реколта е зголемен според податоците од подрачните министерства за земјоделство каде е пријавување на парцелите пред склучувањето на договорите.  

Инаку и годинава, тутунарите ќе добиваат субвенции по килограм 80 денари за прва, 70 за втора и 60 денари за трета класа, како и субвенции за производство на тутун според пријавена површина, како и за „зелена нафта“.

Од Сојузот на тутунски здруженија упатија повик земјоделците да ги обележат површините кои за прв пат планираат да ги засадат под тутун, да ги пријават парцелите во системот на Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗ). Законските измени би требало комплетно да завршат до средината на март бидејќи 99 % од предлозите се обработени, комисијата предлог измените треба да ги достави до Владата, а потоа и до македонското Собрание.

Тутунарите очекуваат повисоки цени за претстојната реколта, велат дека има интерес од нови тутунопроизводители, така што изгледите се дека и по површина и по количество реколтата која што е на прагот ќе биде поголема и потешка.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...