Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник:

На 28.02.2026 во 02:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од с. Дебреште и патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од с. Дебреште. По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди”  бил пренесен Градската општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.  Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод.

Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани:

На 27.02.2026 во 23:25 часот на крстосницата од ул.„Кеј 9 Септември” со ул. „Мирче Ацев”во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Н.М.(34) од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот полициските службеници  сопреле возило „киа” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.М., при што констатирано било дека  го управувал пред да се стекне со право на управување на моторно возило. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.02.2026 во 18:30 часот на бул. „Гоце Делчев” во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.Т.(43) од Прилеп, бидејќи при личен преглед и преглед во патничкото возило  „шаран” со прилепски регистарски ознаки, била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Од денеска отворен патот за Охрид преку Галичица

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од денеска 15.04.2026 се отвара за сообраќај за сите видови возила до 3.5 т. информираа од диспечерскиот – информативен центарна  на ЈП Македонија пат. Овој пат ќе биде отворен за сообраќај до 15.11.2026. Тоа значи дека живописната линија која ги поврзува...

Од 100 те возила за пошти ќе се “офајди„ и прилепската пошта со неколку нови товарни возила

Од 100 нови возила кои ги набави Владата за потребите на Македонски Пошти, неколку нови товарни возила ќе добие и прилепската пошта, како подружница на Македонски пошти. Денеска прествниците од оваа институција присуствуваа на презентацијата на 100 те возила , објави раководителот на прилепската подружница на Македонски пошти, Милена Јованоска....

Физички нападат на работно место во прилепската болница

Рано утрово, вработен во прилепската болница бил напад од друго лице, а СВР Битола соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот на физички напад во прилепскта болница. Настанот се случил на 15.04.2026 во 01:40 часот во ОВР Прилеп, кога Д.С.(34) од Прилеп пријавил дека на работното место во...