Возете внимателно и одговорно во зимски услови, апелираат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува на потребата од внимателно и одговорно управување со моторните возила, како и задолжително правилно користење на зимска опрема.

Според прогнозите во наредните денови се најавени снежни врнежи и значителен пад на температурите. Пред поаѓање на пат, неопходно е возилото соодветно да се подготви за управување во зимски услови. Направете проверка на возилото која вообичаено опфаќа: проверка на антифриз, нивото на гориво, состојба на бришачите и течноста за ветробранското стакло, состојбата на акумулаторот и состојбата и притисокот на пневматиците.

РСБСП апелира возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сообраќајна сигнализација, навреме да се информираат за состојбата на патиштата и нивната проодност, да ја прилагодат брзината на движење според условите и состојбата на патот, да одржуваат безбедно растојание меѓу возилата – со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Истражувањата покажуваат дека неповолните временски услови бараат од возачот поголемо внимание за време на управување со возилото.

Само со одговорно однесување во сообраќајот сите заедно можеме да придонесеме за побезбеден сообраќај на патиштата – секој живот е важен.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Оперативен зафат кој прв пат се изведува во прилепската болница – 29 годишен пацент спасен од трајно оштатување на мозокот

Уште една животоспасувачка интервенција во прилепската болница над 29 годишен пацент Првпат во Прилеп изведена животоспасувачка тромболиза кај пациент со акутен мозочен удар Денеска, на Одделот за неврологија при Невропсихијатриското одделение на ЈЗУ Општа Болница Прилеп,  за прв пат во здравството  во Прилеп, беше изведено првото успешно спроведување на интравенска...

Потребни се суштински корекции во Законот за тутун-анализа на Цане Божиноски

Во актуелниот Закон за тутун повторно се најавени  измени со кои ќе треба производството, откупот и пласманот на оваа индустриска култура да се воведе во ред согласно потребите и барањата на пазарот, на производителите, на државата и на меѓународните норми. Тутунарите бараат враќање на одредбата во Законот за нивна рамноправна...

Прилепчани се подготвуваат за Василица. Зошто на Василица се меси лепче со паричка?

Македонската православна црква на 14-ти јануари го празнуваат големиот христијански празник Василица. Православните христијани кои се водат според Јулијански календар, вечерта, на 13. кон 14. јануари, ќе ја пречекаат Православната или Старата нова година. Всушност, ќе се слават три празници, се дочекува Стара Новата година, се празнува Обрезание Господово и...