Во спомен домот на Конески, Небрегово, одбележани три јубилеи

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во организација на НУ Завод и Музеј Прилеп со интерактивна манифестација денеска во Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово беа одбележани три јубилеи: 80 години на македонска азбука, 20 години Спомен дом Блаже Конески и јубилејот 70 години Завод и Музеј Прилеп. Манифестацијата ја пренесе идејата за реалниот лик на Конески, со емотивно запознавање со неговите детски и ученички денови, доловена низ креативни, размислувачки игри и перформанси за најзначајните достигнувања во творештвото на Конески. Учество зедоа ученици и ментори од ООУ „Блаже Конески“- Прилеп, хорот при училиштето, а присутните ги поздравија Мимоза Христоска, директорка на НУ Завод и музеј – Прилеп, Мартина Пројческа, директорка на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп.

„Македонскиот јазик е наш темел, наш завет и наш патоказ. Тој е живо сведоштво за нашата историја, култура и идентитет. Наша заедничка обврска е да го чуваме, негуваме и пренесуваме на идните генерации. Во духот на мислата на Конески: „Јазикот е единствената наша татковина. Сѐ додека го чуваме, ќе ја имаме и татковината“, меѓу другото посочи градоначалникот Борче Јовчески, кој присуствуваше на манифестацијата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🍻ПИВО ФЕСТИВАЛ ПРИЛЕП: ТРИ ФЕСТИВАЛСКИ ВЕЧЕРИ БАЛКАНСКИ И МАКЕДОНСКИ ЅВЕЗДИ (ВИДЕО)

Пoзната е целосната програма за Пиво Фестивалот Прилеп 2026. Балкански и македонски музички ѕвезди ќе настапуваат на трите фестивалски вечери, а предвидени се и диџеј забави пред почетокот на настапите на главната сцена и по завршувањето на камената бина на плоштадот Александрија. Од 17 до 19 јули главна ѕвезда за...

Богатството од Прилеп и Мариово-МАКЕДОНСКИОТ РУБИН-станува национално минерално наследство

Рубинот од Македонија  кој што е геолошки и естетски уникат: познат е како корунд со карактеристична малиново-розева боја и се наоѓа исклучиво во околината на Прилеп и во планините на Мариово и официјално ќе биде национално заштитен  од државата како уникатен полускапоцени камен. Ова денеска го соопшти Министерката за енергетика...

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп интересот на полуматурантите насочен кон економската струка

Како и изминатите две години покрај електронското пријавување, учениците и денеска физички ги доставуваа оригиналните хартиени документи во училиштата во кои аплицираат. Дека стручното образование е во фокусот на полуматурантите покажува интересот за упис и во  средното економско-правно училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп. Првиот уписен рок – електронското пријавување...