Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Прилеп, со поддршка од Авто Контрол, учениците од сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и Министерството за внатрешни работи денеска во Прилеп го одбележаа Денот на сообраќајната култура, посветен на подигнување на свеста и одговорноста кај сите учесници во сообраќајот. Беше испратена силна порака за поголема безбедност на патиштата, при што во фокусот беа мотоциклистите.
Во рамките на активностите, организирани од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот – Прилеп, со поддршка од Авто Контрол, учениците од сообраќајната струка при СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ и Министерството за внатрешни работи, Како компанија која секојдневно се грижи за безбедноста во сообраќајот, Авто Контрол со гордост се вклучува и поддржува вакви едукативни активности, со цел создавање поголема сообраќајна култура и побезбедна средина за сите граѓани. Оваа година акцентот беше ставен на безбедноста на мотоциклистите и важноста од носење заштитна кацига, посочуваат од компанијата









