(ВИДЕО) Штетата е двојна-резултат нема, повторно се чистат дивите депонии во општина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Екипите на Јавното комунално претпријатие Комуналец , спроведоа активности за чистење на диви депонии низ градот со цел да се подобри хигиената и да се заштити животната  средина.„Денеска екипите чистеа на потегот од градот кон вештачкото езеро, а оваа локација во изминатиот период е чистена повеќе пати “, вели директорот на ова јавно претпријатие , Љубиша Јованоски.

Во Прилеп се регистрирани околу 28 диви депонии кои се чистат двапати годишно. Општината оддвојува околу 4 200 000 денари (близу 70 000 евра) за справување со дивите депонии, пари кои што наместо за развој се трошат на заедничка штета од сите граѓани, на сметка на неодговорните сограѓани што расфрлуваат отпад каде што ќе им се посака. Од ЈКП Комуналец упатуваат апел до сите граѓани правилно да го одлагаат отпадот , се’ со цел да имаме здрава и чиста животна средина.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп се подготвува за Пиво фестивалот 2026

Од 17 ти до 19 ти јули, Прилеп ќе е во центарот на забавните летни случувања во Македонија – ќе се одржи Пиво фестивалот 2026, познат како Пивофест. „Три незаборавни денови исполнети со одлична музика, ладно пиво, добра храна и врвна забава. На сцената ве очекуваат најголемите домашни и балкански...

(Видео+Фото) Таа со жар ја освојува музичката меѓународна сцена – ново признание за музичкиот бисер Михаела Пурдеска

Таа полека го освојува светот. Гордост е на Прилеп. Нејзината музикалност, дарба и желба за музички дострел, стануваат реалност. Тоа го потврди и забележа и жирито, на музичкиот фестивал за млади во Котор, Црна Гора, кој оваа година се одржува за прва пат.              ...

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...