Во посета на Прилеп министерот за спорт – увид на спортските терени во Точила

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска во посета на Прилеп беше министерот за спорт, Борко Ристовски.Тој  ја посетивме населбата Точила, место каде што младите живеат, растат и сонуваат. Од ВМРО ДПМНЕ во својата изборна кампања, велат дека младите и спортот се иднината на Прилеп:

Заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски, разговаравме со жителите и направивме увид во состојбата на спортските терени.Во следните денови започнуваме со комплетна реконструкција на двете спортски игралишта и сите детски реквизити. Затоа што спортот е иднината на младите, а младите се иднината на Прилеп. Ова не се само зборови, ова се конкретни дела, чекори што водат кон подобар живот во секој дел од нашата општина. Нашата мисија е јасна: да создадеме современ, чист и функционален Прилеп, каде секое дете ќе има можност да расте безбедно, активно и среќно,велат во рамките на своите кампањски активности од ВМО ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Дејан Проданоски.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...