Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите, а Борче Шабаноски го изработи завршниот микс.
„Песната која ја напишав е вистинска приказна за еден мој пријател кој ја имал љубовта на својот живот во еден момент од животот, но ја изгубил засекогаш заради негови неверства и глупирања. Му останала само болката и каењето. Затоа е блуз,“ вели авторот Игор Јагуриноски.
Ова е шеста по ред композиција на Игор Јагуриноски, прилепчанец, по професија хемичар, а по душа-музичар. Свири во три бенда, создава своја музика и не прекинува да ја слуша музиката што му свири во главата и во срцето.









