Во Општина Прилеп средба со „Бехтел и Енка“ за Коридорот 10Д

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Градоначалникот на Општина Прилеп  оствари средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, каде што била  детално презентирана рутата на Коридорот 10Д што ќе поминува околу Прилеp.

Денес, во Општина Прилеп остваривме продуктивна средба со претставници на компанијата „Бехтел и Енка“, каде што беше детално презентирана рутата на Коридорот 10Д што ќе поминува околу нашиот град. На средбата ги разгледавме сите можности и предизвици кои ги носи изградбата на овој стратешки важен коридор за нашиот регион. Проектот ќе овозможи побрзо и посигурно патување, подобро поврзување со другите делови од државата и нови економски можности за граѓаните на Прилеп. Оваа инфраструктурна инвестиција е голем чекор напред за нашиот град и ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на сите жители. Општина Прилеп е целосно посветена на транспарентна соработка и ќе продолжиме со редовни информации до граѓаните во секоја фаза од проектот и за огромниот потенцијал што Коридорот 10Д го носи за нашиот град и регионот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во објект во Прилеп фрлена рачна бомба

Во објект во Прилеп фрлена рачна бомба. Вчера, во 08.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека околу 03.00 часот по полноќ, две лица со тврд предмет го скршиле стаклото од предната врата на летната бавча на угостителски објект на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп, сопственост на Б.С.(53) од Прилеп,...

(ВИДЕО) Велосипедистите на Херој Прилеп задоволни од ангажманот на странски тренер во клубот

Велосипедистите од новоформираниот велосипедски клуб Херој од Прилеп , се активни како на домашна , така и на меѓународна сцена.Повеќето ќе  настапуваат во домашните првенства , на пократки или подолги патеки а дел од нив веќе се дел и од велосипедскат елита настапувајќи и за странски клубови , пред се...

(Видео) Се бира компанија која ќе ги обезбедува Центрите за социјална работа, по инцидентот во Прилеп

Од идната недела 37 Центри за социјална работа во Македонија ќе добијат обезбедување, како заштита на вработените по инцидентот во Прилеп, кога социјална работничка беше застрелана на работното место, од корисник на социјални услуги во МЦСР во Приелп. Еве што изјави заменик министерот на новинарско прашање: „Кога Центарот за социјална...