Влатко Лозановски со концерт во Прилеп во пресрет на празникот 11 ти Октомври

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како дел од програмата за чествувањето на 11 Октомври, вечерта на10-ти октомври по традиционалниот импровизиран напад на Участокот и огнометот, забавата на плоштадот „Александар Македонски“ на камената бина во Прилеп му е отстапена на Влатко Лозановски со целовечерен концерт.

Вечерта, во пресрет на празникот, програмата по повод одбележувањето на еден од најголемите национални празници 11 Октомври, Денот на народното востание на македонскиот народ, започнува во 19,30 со изведба на КУД „Пере Тошев“ и обраќање на градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Настаните, истиот тој ден почнуваат и попладне, во 12 часот, кога 1200 учениците од прилепските училишта ќе го формираат македонското знаме на плоштадот „Методија Андонов Ченто“, во знак на почит на симболот на нашата државност.

А, на денот на одбележувањето на националниот празник 11 ти Октомври, низа манифестации ќе се одржат во централното градско подрачје. Најпрвин делегации ќе оддадат почит со положување на цвеќе на борците кои го дале својот живот за слободна и независна Македонија: Методија Андонов Ченто, Кузман Јосифоски Питу, на Могилата на непобедените и на споменикот на „Жена борец“, ќе се одржи традиционалната крводарителска акција во просториите на „Црвениот крст“-Прилеп и автомобилското шоу, грандиозен автомобилски настан „Tuning Car Show“ на олдтајмери и спортско модифицираните автомобили, кој секоја година е дел од одбележувањето на 11 Октомври. Оваа година на платото пред Саатот ќе биде организиран и Саем на земјоделски производи, во организација на Агро Лидер, а посетителите на Прилеп ќе можат да уживаат и во Фестивалот на мед, кој сè уште ќе биде на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ на тој ден.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...