Витаминка овозможува бесплатни прегледи за вработените мажи во компанијата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во насока на проширување на грижата за вработените Витаминка организира бесплатни специјалистички прегледи за околу 300 мажи вработени во компанијата. Станува збор за прегледи на доброволна основа кои веќе се спроведуваат од почетокот на декември а ќе траат до крајот на март следната година. Прегледите кои ќе се изведуваат во приватна здравствена установа во Прилеп, вклучуваат ехо на абдомен (бубрези, црн дроб, простата, жолчно кесе, панкреас, слезина, абдоминална аорта).

Со спроведување на ваквиот вид прегледи, компанијата  покажува грижа за здравјето и добросостојбата на мажите од сите возрасти вработени во компанијата и поттикнува самосвесност за потребата од редовни прегледи. Оваа активност е уште една од низата практики за заштита и унапредување на безбедноста и здравјето во работењето.

„Искуствата покажуваат дека кога компанијата дава приоритет на здравјето, безбедноста и благосостојбата на вработените, бенефит има самата компанија, но многу поважен е бенефитот за вработените. На овој начин кај вработените се поттикнува свесност за грижа за сопственото здравјето и се создава култура на редовни прегледи. Грижата за вработените не треба да се сведува само на унапредување на нивниот придонес за компанијата, туку и за нив самите. Ние во Витаминка ставаме приоритет на здравјето на сите наши вработени со цел да создадеме здрава и продуктивна  работна средина и да ги поттикнеме вработените да вршат редовни здравствени прегледи“, велат од Витаминка.

Витаминка континуирано се грижи за здравјето и добросостојбата на своите вработени со редовно организирање на разни специјалистички прегледи, кои неретко се спроведуваат и во самата компанија. Прегледите за рак на дојка се организираат два пати годишно, ехо-прегледи на дојка и тироидна жлезда, анализа на витаминско-минерален статус за вработените а отсега и специјалисти прегледи за мажи.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Потребен е Групен дом со 24-часовна поддршка за лицата со попреченост во Прилеп

Деца, родители, граѓани поддржувачи, сограѓани креатори на локални и државни политики за подобрување на животот на лицата со попреченост беа дел од традиционалниот настан по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 ти Декември. Едногласна е пораката и од овогодинешното одбележување дека локалната заедница помага, донира, но треба...

Петиција за итно обезбедување квалитетни инсулински пумпи и сензори !

Сојузот на здруженија на лица со дијабет бара сензори за сите на кои им е неопходна добра контрола на гликозата во крвта и квалитетни инсулински пумпи: https://www.onlinepeticija.com/cgm_5000_3000?fbclid=IwY2xjawG6jvJleHRuA2FlbQIxMQABHTaVV2-8cJ-ZdMC39nKnw_pRuvqZC1TKkGn0IQgLUz2iNF2N7XEiM-1kFQ_aem_Ehc2laN1N2pKhafUL-Eh_Q https://www.ipetitions.com/petition/obezbeduvae-5000?utm_source=facebook&utm_medium=social&utm_campaign=&quote_id=quote5&title_id=title1&recruiter=21236488&loc=view-petition

Утре (среда) прекин на ел. енергија во нас. Димо Наредникот

ЕВН – Македонија известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на 04.12.2024 год ( среда ) од 12.00 ч. до 13.30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат следните корисници на Општина Прилеп : дел од Ул. ,, Димо Нареднико ” – поранешна стоковна 4 – ти...