(ВИДЕО)Наместо цвеќе – права, зајакнување на улогата на жената во руралните средини!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Локалната акциона група ЛАГ Агро Лидер во општините Крушево, Кривогаштани и Долнени спроведува иницијативи каде во центарот се жените, нивните ставови, барања, можности и капацитети. Акциите насловени како: „Цветен круг“, „Наместо цвеќе – права“ и „Жените прашуваат“ се нови модели на локално дејствување преку упатување на пораки, барања и здружување на жените од населените места Обршани-Воѓани, Дебреште и Бучин до локалните власти од трите општини. 

Какви барања и потреби имаат жените од руралните средини, колку се свесни за нивната улога и капаците во локалните заедници и кои се начините тие гласови да вродат со решавање на конкретните предизвици?

Проектот насловен „Жените го преземаат водството во локалните заедници“ има за цел да ги даде одговорите на овие прашања, но можат ли навистина жените да го преземат водството во локалните рурални заедници каде царува машкиот збор?

Во време кога улогата на жените од руралните средини сè уште не е доволно видлива и поддржана, ЛАГ АГРО ЛИДЕР во рамки на проектот „Гласови од руралните заедници: Зајакнување на жените за локално застапување“ втора година реализира иницијативи кои имаат за цел да ја зајакнат женската економска, општествена и граѓанска позиција.

Со Даниела Цветаноска и Талија Петреска – добро познати на јавноста како граѓански активистки разговаравме токму на оваа тема во програмата Радио што се гледа:

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Туристичка агенција Бран – успешна приказна која трае 34 години

Далечната 1992 година започна со работа туристичката агенција Бран во Прилеп, компанија која ги поставуваше темелите во Прилеп за организирани патувања и туристички аранжмани во сопствена режија за Македонија и за странство. Правник по професија, патник по вокација, Бранко Карески, сопственик и менаџер на Туристичката агенција Бран Прилеп за идејата...

В недела започнува летното сметање на времето – стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред

Летното сметање на времето оваа година почнува в недела, на 29 март во 02:00 часот, кога часовниците ќе се поместат еден час нанапред, односно – 03:00 часот. Ова значи дека во недела, 29 март, деноноќието наместо 24, ќе има 23 часа. Кога се поместуваат стрелките на часовникот нанапред, народот вели...

Не може да се допоправи јавното добро, колку што ние (граѓаните) можеме да рушиме и уништуваме

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените и најубавите парковски површини во центарот на  градот. Простор важи за едно од најомилените места за одмор и рекреација на граѓанит, но и простор кој најмногу е оштетуван и уништувам од...