(ВИДЕО)Туристичка агенција Бран – успешна приказна која трае 34 години

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Далечната 1992 година започна со работа туристичката агенција Бран во Прилеп, компанија која ги поставуваше темелите во Прилеп за организирани патувања и туристички аранжмани во сопствена режија за Македонија и за странство. Правник по професија, патник по вокација, Бранко Карески, сопственик и менаџер на Туристичката агенција Бран Прилеп за идејата – формирање на туристичка агенција вели  „Како вчера да беше почетокот“, додавајќи дека во тоа време по осамостојувањето на Македонија побудите биле чисто од егзистенционални причини.

Денес, Туристичката агенција Бран е компанија со реноме, пример за успех кој што се гради со доверба, преку пожртвуваност од вработените следејќи ги желбите на клиентите, прилагодувајќи се на приликите што ги носи времето во кое опстојуваме.

Пред кои предизвици е исправена компанијата во услови на глобални пореметувања: воена и нафтена криза?
Се менуваат ли македонските навики за туристички патувања- кои домашни и странски дестинации се традиционални, а кои добиваат на атрактивност?
Каква е понудата за актуелната туристичка сезона?
Кои предуслови треба да ги исполни Прилеп за да се најде на туристичката мапа?

Целиот разговор со Бранко Карески по повод 34 години од постоењето на Туристичка агенција Бран на следниот линк:

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи во Прилеп

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК “,Марко Цепенков” – Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Уметникот се претставува со  30 дела работени на картон и на алуминиумски лим. Отворајќи ја изложбата м-р Каролина Мицевска, посочи дека на делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја,...

Иницијтива за обновување на ФК Варош – Прилеп

Група љубители на фудбалот, главно „по потекло“ од Варош, креираат иницијатива за обнови на некогашниот фудаблски клуб „Варош, под наслов „ Да го обновиме ФК Варош – Прилеп!“ Во нивната иницијатива се вели: „Со голема љубов кон спортот и нашата населба, сакаме повторно да го вратиме животот во ФК Варош...

Успешен старт на прилепските одбојкари – ветерани во новата сезона

Успешен старт на прилепчани на стартото на  новата, трета по ред, сезона за одбојкари – ветерани. Првиот турнир се одржа во Гевгелија, а на гевгеличани, противник им беше екипата на 11 Октомври – Прилеп, која со 2:1 во сетови, успеа да го победи домаќинот. Со ова прилепчани ја продолжија традицијата...