В недела започнува летното сметање на времето – стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Летното сметање на времето оваа година почнува в недела, на 29 март во 02:00 часот, кога часовниците ќе се поместат еден час нанапред, односно – 03:00 часот.

Ова значи дека во недела, 29 март, деноноќието наместо 24, ќе има 23 часа.

Кога се поместуваат стрелките на часовникот нанапред, народот вели и дека „спиеме еден час помалку“ бидејќи и денот е пократок.

Целта на менувањето на часовникот од летно кон зимско сметање на времето, и обратно, е да се искористи дневната светлина и на тој начин да се заштеди потрошувачката на енергија.

Во последниве години многу земји апелираа да се укине летното сметање на времето, па поттикнати од тоа, во 2016 година Европската унија покрена иницијатива да се одреди едно време кое ќе биде унифицирано за сите држави на континентот, но безуспешно.

Причината што и понатаму нема договор е што едни земји инсистираат времето да се мери според „зимското сметање“, а други преферираат преку цела година да се задржи „летното сметање“ на времето. Кога се поместуваат стрелките на часовникот, понапред или поназад, многу луѓе се жалат дека не се чувствуваат добро – дека се уморни и дека им се менува расположението.

Медицината нема конкретен став за оваа тема

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен ден на прилепските средни училишта

Мај е месецот на уписи во образовниот систем, претставување на можностите на средните училишта, на профилите кои што се нудат за идните средношколци. Утре, четврток 14 ти мај, во четирите средношколски центри во Прилеп СОУ „Орде Чопела“, СОУ „Ѓорче Петров“, СОУ „Ристе Ристески Ричко“ и Гимназијата Мирче Ацев ќе се...

Прилепскиот театар подготвува нова претстава „Девојките на Марко“ во режија на Синиша Ефтимов

Во театарот „Војдан Чернодрински“ во полн ек се пробите за новата претстава „Девојките на Марко“  според Боинг Боинг од  Марк Камолети, во режија на Синиша Ефтимов, во која ќе игра поголемиот дел од ансамблот на театарот. Премиерата ќе биде на крајот на мај. Ова ќе биде втора премиера на претстава...

(ВИДЕО) Убава традиција – прилепските матуранти запеаа и заиграа во центарот на Прилеп

Убаво е кога се задржува традицијата, матурантската, барем за генерациите прилепски матуранти кои знаат како да го одбележат крајот на еден дел од нивниот живот и почетокот на за нив една нова страница во животот, и тоа во центарот на градот. И годинава успеавме да ја регистрираме таа атмосфера, исполнета...