(ВИДЕО)Антикорупциски караван во Прилеп – за граѓаните да земат директно учество во борбата против корупција

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Антикорупцискиот караван по Битола денеска продолжи во Прилеп на платото кај Градскиот саат со претставување на можностите како граѓаните да земат учество со нивните реакции и пријави за корупција.

Од самото наше доаѓање граѓаните почнаа да ги искажуваат ставовите кои што се поврзани со корупција и еден сублимат од целата таа досегашна дискуција е дека постои сеуште тој страв кај граѓаните да дискутираат јавно за прашања поврзани со корупција. Токму затоа продолжуваме тука да ја отвораме таа тема во еден отворен форум да можат тие директно да дискутираат со институциите. Бидејќи борбата со корупцијата не е само на институциите, борбата против корупцијата треба пред се’ да потекнува од  граѓаните што е и целта на целата оваа програма: да ја подигнеме свеста кај граѓаните, да ги мотивираме, со една крајна цел да се зголеми притисокот кон институциите да покренуваат случаи за корупција. Бидејќи очекувањата од граѓаните се на крајот на денот да имаме завршени процеси и постапки кои што се со корупција и конечно да видиме санкционирани лица кои што ќе ги „одлежат“ делата за криминалите кои што ги направиле поврзани со корупција, рече Снежана Камиловска Трповска, координатор на програмата „Граѓаните против корупцијата“ Македонски Центар за Меѓународна соработка.

 

Во рамките на проектот „Граѓаните против корупцијата“ развиена е апликација „Реагирај“  која што им овозможува на граѓаните директно да се приклучат во реакции со тоа да земат директно учество во борбата против корупција.

Тие реакции по однос на разни корупциски скандали, лоша работа на институциите, нешто што го намалува квалитетот на животот на граѓаните, тие да можат своето несогласување со состојбите, својата реакција да ја испратат директно до оние кои што се надлежни.Една од последиците во борбата против корупцијата е дека  граѓаните чувствуваат дека не можат ништо да направат и ние им даваме алатка во која што директно можат да испратат реакции до институциите и веќе се забележува дека институциите во најмала рака враќаат одговор. Ќе видиме колку е потребно време за да се решат проблемите, но тоа е еден јасен сигнал од граѓаните до институциите дека ја следат работата, дека се спремни да реагираат и останува на институциите да почнат да ги решаваат проблемите на граѓаните. Со тоа се обидуваме да им дадеме глас на граѓаните, меѓутоа истовремено да ги охрабриме и тие да бидат гласни против корупцијата, вели Саша Поповиќ од Институт за демократија. 

Апликацијата може да се користи и преку мобилен телефон и преку компјутер и овозможува начини да се испрати реакцијата преку меил адреса како граѓани. Алатката веќе функционира и има неколку активни акции:

– Од вчера се активни две нови реакции за базенот во Битола и за РЕГ Битола како пример за едно лошо долгорочно управување, ризици од корупција што доведува до лоши конкретни последици, а тоа е загадениот воздух за битолчани и за цела Пелагонија и како еден од најголемите загадувачи на сулфур диоксид во Европа. Всушност корупцијата предизвикала да се најдаме на таа топ листа и нашите поголеми градови да бидат редовно најзагадени. Граѓаните најмногу реагираат за РЕГ Битола, ЕЛЕМ, Министерството за животна средина, Инспекторатот за животна средина, Министерството за енергетика, тие што се одговорни за тоа. Претходно имаше за Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје, таму се испраќаше до Градот Скопје, до советниците, до Министерството за образование итн; за транспарентноста на Владата … Тоа е апликација која што ќе го шири својот обем на работа, вели Поповиќ.

Очекувањата од оваа граѓанска иницијатива се граѓаните да почувствуваат дека не се сами. Со апликацијата се постигнува охрабрување граѓаните да станат дел од решението на проблемот и да се постигне партнерски однос во однос на борбата со корупцијата. На средбите како денешната во Прилеп присуствуваат претставници од Државната комисија за спречување на корупција, од Финансиската полиција и од Општините каде што граѓаните да можат директно да пријават корупција или да пријават нешто што ги мачи за институциите на терен да видат и да се соочат.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кaко да се заштитиме од лажните информации?

На 2 и 3 декември во хотелот Гардениа во Велес се случи втората обука за новинари во рамки на проектот ,,Подготвени со интегритет за унапредување на одговорното споделување информации и отпорност во информацискиот простор“ Извршната директорка на Естима (estima.mk) Ана Крстиновска, објасни дека обуката е наменета за млади новинари и...

В петок ќе биде отворена ретроспективна изложба на Васил Костов

Ретроспективна изложба на дел од творештвото на  ликовниот уметник Васил Костов,  со наслов „Сеќавање“ ќе биде отворена в петок од 18.00 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“.  Изложбата ќе ја отвори историчарката на уметност Елена Чагороска. Последните години од животот Васил Костов ги посветува на непополнети...

Филмот „Ескорт“ утревечер во Кино Мис Стон

Долгометражниот игран филм „Ес­ко­рт“ на наградуваниот хрватски режисер Лукас Нола, утревечер (четврток) од 19.00 часот ќе биде прикажан во Кино Мис Стон во Прилеп. Светската премиера на „Ескорт“ се случи минатата година на седумдесетотот издание на Пулскиот филмски фестивал во Хрватска. На фестивалот, филмот ја доби наградата „златна арена“ за...