Министерството за внатрешни работи информира дека денеска повеќе настани предизвикале прекини и ограничувања на сообраќајот на патните правци во земјата.
Од 18:05 часот, поради излевање на Црна река кај село Бучин во крушевско, е прекинат сообраќајот на локалните патни правци село Бучин – Демир Хисар, село Бучин – село Обршани и село Бучин –село Трноци.
Во 17.35 часот е пријавено дека на автопатот Скопје–Велес, по тунелот „Бадар“, има одрон од карпа кој ги зафатил двете ленти. Сообраќајот засега не е во застој, а на лице место се полициски службеници и екипа од Македонија пат – информира МВР.
Исто така, од 18.15 часот е воведена забрана за движење на товарни возила на патниот правец Струга – Ќафасан.
Од 18.30 часот патниот правец Пробиштип–Леговец е затворен за сообраќај во двата правци поради сообраќајна незгода и вршење увид.









