(ВИДЕО + ФОТО) Прилепска новогодишна приказна – сите уживаа во звуците на големите музички хитови

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Новогодишната магија за прилепчани е вистинско уживање во овие празнични денови кога се очекува и доаѓањето на новата 2026 година.И вечерва сите се забавуваа се разбираа со звуците на големите светски хитови во центарот на Прилеп.Многу задоволни и насмеани лица кои едноставно уживаа забавувајќи се  на перформансот на битолскиот камерен  оркестар Дива.И тимот на Радио Пела регистрираше дел од прекрасната еуфорична атмосфера, па затоа погледнете во продолжение како преку видео и фотографии изгледаше сето тоа.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...