(ВИДЕО) Алексоски: Комбинатот започна со откуп, целта е да го преземеме договореното производство од нашите кооперанти

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Тутунски Комбинат АД Прилеп од денеска, 29 ноември започна со откуп на ориентален тутун во радовишко и во прилепско. Наредниве денови до крајниот законски рок 15 ти декември за почеток на откуп ќе бидат отворени сите откупни пунктови. Исплатата ќе се врши два дена во неделата. Комбинатот планира да го откупи целокупното договорено производство (најмалку 2 милиони кгр) што е повеќе од двојно во споредба со реализираниот откуп од ланската реколта (откупени 850 илјади кгр).

Во радовишко имаме отворено 6 откупни пунктови, во прилепскиот регион имаме отворено десетина пунктови, опфатен е градот и сите околни населби во прилепско, долненско, демирхисарско и битолско. Тутунски Комбинат е спремен до 15 ти декември до законскиот рок ќе ги отвориме сите откупни центри во сите предвидени региони. Нашиот таргет за годинава е да откупиме барем тоа што го имаме договорено со кооперантите или тоа би значело барем 2 милиони кгр. Комбинатот има обезбедено средства за сите овие предвидени килограми. Сакам да потенцирам дека на состанокот на бордот на директори е донесена одлука дека доколку дојде до покачување на цената на откупениот тутун во иднина, сите кооперанти што предале тутун ретроградно ќе им биде исплатена разликата. Така што кооперантите доколку се спремни можат слободно да го носат тутунот во откупните центри во Тутунски Комбинат Прилеп Во поглед на исплатата веќе е договорено и дефинирано да се врши исплата на договорениот тутун, два пати неделно: во вторник и во петок. Што значи секој што би донесол тутун, за два три до четири дена максимум ќе си ги добија парите за предадениот тутун. Нека ни е аирлија откупот, нека бидат задоволни најмногу тутунопроизводителите, а и сите откупувачи во Македонија, рече Алексоски на прес конференцијата со новинарите.

Во поглед на преговорите за откупната цена Алексоски рече дека тие се одвиваат паралелно со преземање на реколтата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп интересот на полуматурантите насочен кон економската струка

Како и изминатите две години покрај електронското пријавување, учениците и денеска физички ги доставуваа оригиналните хартиени документи во училиштата во кои аплицираат. Дека стручното образование е во фокусот на полуматурантите покажува интересот за упис и во  средното економско-правно училиште СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп. Првиот уписен рок – електронското пријавување...

Уште една донација за Прилепската болница – „џебен“ ултразвучен апарат од Сојузот на тутунарите

Прилепската болница на иницијатива на пензионираниот доктор Златко Савоски доби донација – ултразвучен апарат од Сојузот на тутунарите кој ќе се користи на интерното одделение, првенствено во Центарот за дијабет, како и во другите одделенија кај хоспитализирани пациенти без да бидат транспортирани за дијагностика со ултразвук. Ова е прв ваков...

(ВИДЕО)Голем интерес за упис во средно стручно образование во Прилеп

Заврши првиот уписен рок за ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027 година. Полуматурантите се пријавуваа електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а денеска и утре, потребната документација се доставува во училиштата каде учениците конкурирале.  Прелиминарно, најголем интерес има за медицинските струки. Радио Пела посети дел од средните стручни училишта...