В недела сите во еко акција за пошумување кај с. Прилепец

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В недела, (10.11.2024 од 10.00 – 15.00 часот) неформалната еко- група “Спас за Прилеп“ (препознатлива по граѓанските иницијативи и протести, против рударски коп кај Оревоец и Каракамен) организра акцијата за пошумување кај селото Прилепец, во близина на манастирот Свети Никола. Кон акцијата се придружува и  Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес „Сина Револуција“ како и други граѓани и здруженија од Македонија, бидјеќи е предвидено оваа еко акција да се одвива и на територијата на целата држава.

За учество во еко акцијата за пошумување во близина на селото Прилепец,  наречена „Не биди трупец, засади дрво“ поканети се сите граѓани да земат активно учетво, со цел сите заедно да  создаваме поголема зелена површина и поквалитетна животна средина во прилепско,велат организаторите. Приклучувањето во акцијата, велат организатори,  само со своето физичко присуство и алатки за засадување, затоа што садници  веќе се обезбедени со донации, а физичката поддршка од граѓаните е повеќе од најнепоходна. Повеќе во #РАДИОШТОСЕГЛЕДА  ↓

За

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...

Џабе апелите од МВР да се вози внимателно – Возел 104 км/час на место ограничено на 50 км/час

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција. Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е...