Утре поскапува лебот во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Поскапува лебот во Прилеп и во неколку градови низ земјава. Во дел од пекарниците во Прилеп, Штип, Кочани и Битола се очекува повисока цена на одредени видови леб од утре, а некаде веќе имало корекции. Најавите се дека цените на белиот леб од 450 грама, во дел од пекарите ќе одат нагоре од 3 до 5 денари. Лебот кои чино 35 дрн,  ќе се продава за 40 дeнари. Информациите стигнале и до Групацијата на мелничко – пекарската индустрија при Стопанската Комора, но од таму велат секоја пекара индивидуално одлучува за цените.

Како причина за поскапувањето на лебот се наведено покачување на цената на нафтените деривати.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Филмот „На се’ доаѓа крај“ во киното Мис Стон во Прилеп

Во киното Мис Стон утре, 1 април 2026, среда,од 19.00 часот ќе се прикаже филмот „ НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“. Филмот е во копродукција од повеќе филмски продукции од Балканот меѓу кои и Македонија. Сценариото е на Рајко Грлиќ, кој воедно е и режисер и Анте Томиќ. ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА:...

Промоција на книгата „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од авторот Емил Крстески

По Скопје и Охрид денеска и во Градската библиотека „Борка Талески“ беше промовирана новата книга – збирка раскази „Не правете го тоа во мојот автомобил“ од Емил Крстески, прилепчанец, новинар, политиколог, дипломат, прозаист и сликар. Интригантниот наслов на книгата буди интерес за читателската публика, до толку повеќе што авторот Крстески...

Полициски билтен: Се степале затвореници во прилепскиот затвор, пронајдена дрога …

Од полицискиот билтен на СВР Битола за подрачјето на Прилеп: физичка пресметка во прилепскиот затвор, управување автомобил без возачка дозвола и поседување на дрога: На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, осуденикот А.Ф.(34) од прилепско, физички го нападнал...