Полициски билтен: Се степале затвореници во прилепскиот затвор, пронајдена дрога …

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од полицискиот билтен на СВР Битола за подрачјето на Прилеп: физичка пресметка во прилепскиот затвор, управување автомобил без возачка дозвола и поседување на дрога:

На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, осуденикот А.Ф.(34) од прилепско, физички го нападнал осуденикот Ф.С.(45) од Прилеп и притоа употребил остар предмет, нанесувајќи му повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 30.03.2026 во 21:20 часот на ул. „Тризла” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиja од слобода Е.Б.(37) од Прилеп. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Б., при што е констатирано дека го управувал возилото пред да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без  возачка  дозвола. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 30.03.2026 во 23:30 часот на ул.„Орде Чопела” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода С.К.(45) од Прилеп затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи во Прилеп

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК “,Марко Цепенков” – Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Уметникот се претставува со  30 дела работени на картон и на алуминиумски лим. Отворајќи ја изложбата м-р Каролина Мицевска, посочи дека на делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја,...

Иницијтива за обновување на ФК Варош – Прилеп

Група љубители на фудбалот, главно „по потекло“ од Варош, креираат иницијатива за обнови на некогашниот фудаблски клуб „Варош, под наслов „ Да го обновиме ФК Варош – Прилеп!“ Во нивната иницијатива се вели: „Со голема љубов кон спортот и нашата населба, сакаме повторно да го вратиме животот во ФК Варош...

Успешен старт на прилепските одбојкари – ветерани во новата сезона

Успешен старт на прилепчани на стартото на  новата, трета по ред, сезона за одбојкари – ветерани. Првиот турнир се одржа во Гевгелија, а на гевгеличани, противник им беше екипата на 11 Октомври – Прилеп, која со 2:1 во сетови, успеа да го победи домаќинот. Со ова прилепчани ја продолжија традицијата...