Филмот „На се’ доаѓа крај“ во киното Мис Стон во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во киното Мис Стон утре, 1 април 2026, среда,од 19.00 часот ќе се прикаже филмот „ НА СЀ ДОAЃА КРАЈ“. Филмот е во копродукција од повеќе филмски продукции од Балканот меѓу кои и Македонија. Сценариото е на Рајко Грлиќ, кој воедно е и режисер и Анте Томиќ.

ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА: Бранко Линта х.ф.с
МОНТАЖА:Томислав Павлиќ х.ф.м
ЗВУК:Момчил Бошков
МУЗИКА:Дуке Бојаџиев
УЛОГИ:Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ,  Борис Исаковиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Емир
Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ и Петре Арсовски.

Дејството во филмот е поврзано со главниот јунак Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, кој успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство, богатиот и моќен бизнисмен Динко Хорват. На прославата, Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој го губи својот партнер и клиенти, а неговата сопруга го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани.

Филмот учествувал на повеќе фестивали и освоил награди:
– Пулски филмски фестивал 2024
– Златна Арена за сценографија (Жељка Буриќ)
– Златна Арена за најдобра споредна машка улога (Борис Исаковиќ)
Филмски фестивал Херцег Нови 2024
– Златна мимиоза за најдобра женска улога (Јелена Ѓокиќ)
Сараево Филм Фестивал

Влезници на билетарницата од Центарот за култура од 11. 00 до 13.00 часот и еден час
пред проекцијата на филмот во киното Мис Стон.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Продолжува врнежливото време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре, вторник и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен...

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Стибера

Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на овој локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година.Резултатите од геоскeнирањето...

Еко херои – сите пофалби за учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ – Прилеп

Еколошки херои се учениците од Секторот графичарство од Ричко. Неуморните Еко активисти од Сектор Графичарство, при СОУ ,,Ристе Ристески -Ричко”, денеска собраа над 1000 кг. отпадна хартија од ЈОУ,, Борка Талески”, во рамките на акцијата , Рециклирам, значи постојам”. „ ЕКО акцијата,, Рециклирам, значи постојам”, која се организира по повод...