Угостителите во Кочани ќе мора да ги отстранат градбите пред објектите, кафулињата веќе ги отстранија застаклените делови

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Угостителите со објекти на катот во Трговскиот центар  – блок А во Кочани во текот на наредната недела ќе мораат да ги отстранат времени градби – тераси поставени пред нивните локали на јавно прометна површина.

Просторот на катот во Трговскиот центар – блок А треба да биде вратен во првобитната состојба. Ова значи дека плочникот пред локалите (сите пицерии) мора да биде целосно расчистен и прооден за минувачите, а не како сега, пешаците да се движат низ мал „тунел“ широк метар и половина, велат одговорните.

Ова, како што нагласуваат, е последицата на средбата на градоначалникот Владко Грозданов со угостителите од пред два месеца. Тогаш е постигнат договор за отстранување на времените објекти на катот во Трговски – блок А,  што се третираат како бесправно изградени. Притоа, угостителите на сопствен трошок ќе ги отстрануваат градбите во дадениот рок.

Подоцна, во согласност со важечките законски прописи, сопствениците на угостителските објекти ќе можат да побараат од надлежните во општинската администрација, да им одобрат користење на јавно прометната површина. Доколку добијат согласност за такво нешто, ќе можат да постават подвижни тенди, чадори и друга  опрема за вршење  угостителска дејност, но просторот што ќе го користат не смее да биде ограден. Ќе мора, според важечките прописи, да биде отворен од три страни.

Што се однесува до кафулињата на приземјето во Трговски- блок А во Кочани, тие веќе го направија она што се бараше однив и ги отстранија застаклените делови од локалите што се на јавна површина. Кај нив тендите нема да се отстрануваат.

Отстранувањето на времените градби-тераси од пред угостителските објекти, освен за објектите во Трговскиот центар блок А и Б, важи за сите  угостителски објекти на територијата на Кочани.

Денеска, иако е државен празник, претставници на комуналната и градежната инспекција на Општина Кочани беа излезени на терен и вршеа увид во состојбата

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Работник тешко повреден при пад од висина во Кочани

На 12.05.2026 година во 11:15 часот во Полициската станица Кочани, од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен В.Б. (50) од село Соколарци, општина Чешиново–Облешево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување градежни работи за фирма од Кочани, при што паднал од висина. Поради сериозноста

В понеделник СОУ „Љупчо Сантов“, во вторник СОУ „Гошо Викентиев“: Кочани подготвено за матурските дефилеа и прослави

Кочани на 18 и 19 мај  ќе живее во знакот на матурските свечености и последните средношколски мигови на генерацијата 2026. В понеделник, со почеток во 18 часот и 30 минути, учениците од четврта година од СОУ „Љупчо Сантов“ ќе го одржат последниот класен час, по што ќе следува свечено дефиле низ училиштето. Матурантите ќе влезат

ЦК „Бели мугри“: На 14 мај во 20 часот проекција на “ДИЏЕЈ АХМЕТ”

НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани ја најавува проекцијата на филмот„ ДИЏЕЈ АХМЕТ“ за в четврток, 14 мај 2026 година со почеток во 20 часот. Ахмет, 15-годишно момче од едно оддалечено јуручко село во  Македонија, наоѓа прибежиште во музиката додека се справува со очекувањата на неговиот татко, конзервативната заедница и своето прво вљубување — девојка