Сообраќајна несреќа се случила вчера во 15:43 часот во Кочани, на улицата „Маршал Тито“.
Патничко возило „Фолксваген Голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.П. од село Чешиново, излетало од коловозот.
Возачот се здобил со тешки телесни повреди.
По укажаната прва помош во Општата болница во Кочани, тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде е задржан на понатамошно лекување.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









