Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилеп го одбележа Светскиот ден на предвремено родени бебиња 17 ти ноември, со традиционална хуманитарно донаторска иницијатива, а во организација на неформална група мајки на превремено родени деца која се одржа во ЈЗУ Општа болница со проширена надлежнсот „Борка Талески“.

„ И оваа година петта по ред како го организираме настанот. Ние сме неформална група на неколку мајки. Настанот се организира во прилепската болница и секоја година собираме донации од  локални компании и дирекни донации во Болницата во ваучери и производи. Луѓето доаѓаат, си купуваат некој ваучер и производ, оставаат симболични финансиски средства со кои ги подобруваме условите на Неонатолошкото одделение во Прилеп. Имаме анонимни донатори, дирекни донатори,“ вели Данче Оклеска од неформалната група мајки.

Целта со овие настани е да се подобрат условите во Неонатолошкото одделение за мајките и бебињата, да се преземат превентивни прегледи, што е особено важно за мајките и бебињата, вели таа.

„Можам искрено да кажам дека во последните 5 години се направија големи промени. Мислам дека прилепската болница е единствена од државните болници , а кои не се во Скопје, а која има апарат за слух. Значи секое детенце тука, кое ќе се роди, сестрите проверуваат каков е неговиот слух, што е многу важно за превенција.  Исто така го имаат и најновиот монитор за следење на децата, а воедно имаат лична машина за перење и сушење на одделението. Значи алиштата кои ги користат тука не се перат заедно со останатите во болницата. Од донации собрани се и прашаци. Ова е традиција секаде во светот. Родителите како мене кои поминале доста време во болница сакаат да вратат со некое добро. Имаме и предобар фидбек од цел Прилеп, луѓето идат и донираат. Ова можеби е симболична промена, но со текот на годините направивме многу, вели Оклеска, мајка на предвремено родено дете.

Минатата година во ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп биле родени 407 деца, од кои 30 биле предвремено родени. Во Македонија минатата година имало вкупно 604 предвреме родени бебиња, а оваа година досега дури 681.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...

Џабе апелите од МВР да се вози внимателно – Возел 104 км/час на место ограничено на 50 км/час

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција. Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е...