Стојаноски: Прилеп има потенцијал да биде предводник на ликовната сцена

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Разговор со Марјан Стојаноски, дипломиран скулптор – стручен соработник за визуелни уметности и координатор на ликовната колонија Дрен.

Во годината кога Центарот за култура „Марко Цепенков“ слави јубилеј-45 години постоење, ликовната колонија „Дрен“ која работи „под капата“ на Центарот, е носител на  плакетата „3 Ноември“ на Град Прилеп. Што значи оваа награда за вас како одговорен за колонијата?

Пред се, да Ви се заблагодарам за Вашиот интерес и иницијатива за ова кратко интервју. Како што и гласи прашањето, центарот за култура оваа година има два поводи за славење, кои меѓусебно се поврзани..значи 45′ години постоење на НУЦК “Марко Цепенков” и 16 години ликовна колонија “Дрен” година во која ликовната колонија е добитник на 3то ноемвриска награда. Наградата сама по себе се разбира е додатна мотивација за сите кое се вклучени во процесот за успешно реализирање на ликовната колонија, и додатен мотив, односно валоризација на целиот труд, кој неуморно се вложува во организациониот дел за да ликовната колонија е тоа што е денес. Тука сакам да се заблагодарам на Општината Прилеп и комисија за доделување награди, по повод 3 Ноември, кои го препознаа значењето на ликовната колонија за придонесот кон заедницата за особен придонес во ликовната култура.
Да се вратиме само на кратко на еден историјат на градот Прилеп, меѓу првите работи кои ќе ги сретнеме и ќе ни го задржат вниманието, е тоа дека Прилеп од секогаш важел за град од каде што има излезено најголем број на ликовни уметници, кои оставиле печат за развојот на ликовната култура во градот и државата, така да сметам дека Прилеп ги има сите предуслови и потенцијал и во иднина да биде носител и предводник на ликовната сцена, а самата награда како што кажав, е додадена вредност за и во иднина да продолжиме неуморно да работиме на подигнување на ликовната сцена на уште повисоко ниво.

Кои автори и од кои држави се застапени на годинашнава изложба од колонијата „Дрен“ и до кога ќе бидат достапни за разгледување од страна на прилепската публика?

Оваа година на Меѓународната ликовна колонија “Дрен” учество земаа 17 автори, од повеќе држави, Република Македонија, Република Србија, Република Бугарија, кој беше еден одличен сплет, и спој на културолошки различности, но сепак обединети под “капата” на уметноста, во еден позитивен дух, уметниците твореа и создадоа дела, кои прилепската јавност има можност да ги види во центарот за култура, каде што е поставката на делата од Ликовната колонија Дрен, кои ќе бидат достапни за љубителите до 22 Ноември.

Ајде да се вратиме неколку месеци наназад за да ни раскажете кога се одржа и како протече годинешното шеснаесетто издание на колонијата….

Оваа година ликовната колонија Дрен, се одржа не-случајно токму кога во Прилеп беше и фестивалот на пивото, што и беше разгледувана како идеја извесен период наназад, пред да се дефинира терминот, да на учесниците на колонијата им понудиме покрај програмскиот дел од ликовната колонија, плус нешто кое исто така е прилепски препознатлив бренд, како фестивалот на пивото, што и се покажа како одличен спој, ликовна уметност, музика, позитивна енергија…со еден збор – КУЛТУРА!

Како вработен во Центарот и одговорен за ликовната дејност, ве прашувам, што уште не очекува од оваа уметничка област до крајот на годинава?

Традиционално како и изминатите години, така и оваа година, ја продолжуваме соработката со малиот битолски Монмартр, но пред тоа можам да кажам дека имаме две исклучително интересни изложби на нашите прилепски доајени во ликовната уметност, каде што постхумно ќе им организираме изложби на нашиот акварелист, Илија Миноски- Мината, и театарскиот сценограф и сликар, Васил Костов. Со овие проекти ќе ја заокружиме богатата програма на ликовната дејност при НУЦК “Марко Цепенков” за 2024 година.
Разговорот го водеше: Филип Димкоски
Фото: Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Уметницата Маја Р. Младеновски утре изложува во Прилеп

Утре, од 19.00 часот во ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе биде отворена дванаесеттата изложба на уметницата Маја Ралева Миладиновски, насловена „Ветување“. Изложбата е работена од 2016 со мали надополнувања во 2022 година, при што се создадени 20 мал формат слики 10 х 10 см, и 15...

„Ѕуница“ по повод Светскиот ден на детето ѕунеше од радост и песна

Во пресрет на Меѓународниот ден на лицата со попреченост 3ти Декември и денешниот Светски ден на детето во Дневниот центар „Ѕуница“ во Прилеп се одржа пригодно одбележување. На радост на децата кои го посетуваат овој дневен центар се одржа мала музичка приредба со учениците од СОУ „Орде Чопела“ и бендот...

(ВИДЕО)Најмладите прилепски новинари во посета на Радио Пела

Учениците од ООУ „Климент Охридски“ формираа медиумски клуб под менторство на наставничката Јулијана Талеска. Учат за медиумската писменост, за мобилно новинарство, за новите медиуми, учат како се негува македонскиот литературен јазик. Која е целта, идејата и како ќе функционира медиумскиот клуб „К“ разговаравме со менторката, наставничка Јулијана Талеска и уредничката...