Средба на бизнисмените од Пелагонија за новините од Законот за сезонско вработување

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска Регионалната стопанска комора – Прилеп, со своите членки и претставници од регионалните стопански комори од Кавадарци и Битола одржаа средба со релеватните преставници на централните институциите со цел запознавање со новините на Законот за сезонско вработување и Законот за вработување на лица со попреченост .

Од први јануари почнува примената на Законот за работно ангажирање лица кој ја регулира областа на сезонското ангажирање и се очекува да влијае на намалувањето на сивата економија. Законот ќе ги опфати угостителство, земјоделство и услужни дејности, а работно ангажирани,  ќе имаат студенти, пензионери, невработени, самовработени лица кои може дополнително да заработат, без да ги загубат бенефитите и статусот, најавува заменик министерот за економија и труд , Марјан Ристески.

– Овој  закон е револуционерен и за првпат се носи во нашата држава. Со овој закон се овозможува вработување на невработени, вработени лица, на студенти, пензионери. Сите овие лица кои ќе бидат работно ангажирани нема да ги изгубат бенефитите: пензионерите нема да го загубат пензионерскиот статус, студентите – студентскиот, а невработените нема да ги загубат социјалните бенефити. Овој закон е од голема важност и овозможува овие лица да бидат работно ангажирани, а  бизнисот да добие нови работа. Со ова ќе бидатат овозможени 17 илијади вработување во државата, рече Ристески кој ги посочи и придобивки од законот, а „ најмногу во намалувањето на сивата економија,“ рече тој.

– Со Законот ќе се интензивира борбата со неформалната екномија, односно, работата „на црно“. Ќе има мобилна апликација со која сите работодавци кои ќе ги ангажираат овие лица ќе може во моментот да ги пријавуваат и да ги одјавуваат и, секако, со тоа ќе се овозможат дополнителни приноси за луѓето кои ќе сакаат дополнително да бидат ангажирани за подобрување на економската состојба и на други бенефити, вели Ристески.

Според законот, ангажирањето годишно може да биде од 120 до 180 дена, зависно од дејноста или максимамално до 15 дена во месецот.

Председателот на Регионалната стопанска комора – Прилеп, Никола Мариноски, во оваа прилика ја истакна важноста за проширување на дејностите кои се опфатени со овој закон и побара да се зголеми и бројот на ангажираните денови на сезонските работници.

Градоначалникот на Прилеп, Дејан проданоски, кој присуствуваше на оваа средба истакна дека локалната самоуправа останува мост помеѓу централните институции и бизнис заедницата. „Ќе ги вложи сите напори за подобрување на деловната клима и за развој на локалната економија со цел унапредување на животниот стандард на граѓаните на Прилеп,“рече тој.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...