Спас за Прилеп и Сина Револуција во акција за пошумување кај Прилепец

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

„Не биди трупец, засади дрво“ е наречена акцијата за пошумување кај селото Прилепец во близина на манастирот Свети Никола во организација на неформалната еко – група „Спас за Прилеп“ препознатлива по граѓанските иницијативи и протести против рударски коп кај Оревоец и Каракамен, прилепско, во соработка со Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес „Сина Револуција“.
Според повикот на социјалната мрежа ФБ акцијата ќе се одржи в недела, на 10.11.2024 од 10 часот.Покрај прилепчани ќе учествуваат и гости, екологисти, вљубеници во природата од други градови на Македонија, најави организаторот.
Идејата е иницијативата да прерасне во семакедонска акција која би се спроведувала со сите градови од Македонија.
Учесниците може да понесат садници, или само да помогнат со својата работа.

Почитувани, Сакаме да Ве известиме дека на ден Недела 10.11.2024 од 10.00 – 15.00 часот иницијативата Спас за Прилеп во соработка со Здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијаетес Сина Револуција ќе организираат акција за пошумување која се одржува во село Прилепец, манастир Св. Никола. Оваа акција ќе има семакедонски карактер и би сакале да стани традиционална која во иднина ќе се одржува и во другите градови во Македонија. Ќе имаме гости исто така од различни градови од Македонија. Отворено ве покануваме сите заинтересирани кои сакаат да се приклучат кон оваа благородна акција да ни се приклучат во Недела. Можите да ни се приклучите како со своето физичко присуство и дружење така и со донации на садници или друг вид на поддршка. Однапред Ви благодариме и ве очекуваме во Недела. П.С. Оние кое сакаат да учествуваат во пошумувањето да понесат со себе лопата или дурија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани:

Прилепски средношколец освои бронза на Олимпијада за вештачка интелигенција

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција, во Љубљана, од 200 ученици, двајца средношколци од Македонија покажаа врвен успех и освоија медали. “Натпреварувачи Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп и  Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје  освоија бронзен медал„, со гордост соопшти на својот профил на...