Со пригодни награди, плакети и ваучери Виница ги промовираше спортски асови за 2025 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Вечерва Виница ги промовираше спортските асови за 2025 година.

Во Сината сала, во организација на Општина Виница беа прогласени најдобрите спортисти, спортски работници, екипи и млади надежни.

За најдобар спортист за 2025-та година беше прогласен членот на мото клубот „Винеам“, Давид Ристов.

За најдобра спортска екипа, титулата ја понесе ГФК „Слога 1934“, а плакета за високи меѓународни постигнувања доби кик боксерот Лука Змејковски.

Плакета за животно дело во спортот на Виница му беше доделено на Влатко Гошев, а благодарници, ваучери и плакети им беа врачени на младите надежни спортисти на багминтон клубот „Винчини“ и на кошаркарскиот клуб „Виенам“.

Наградите ги доделија градоначалникот Митко Костадиновски и претседателот на Советот Гоце Василев.

Манифестацијата беше пропратена со богата музичко-забавна програма!

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Притворен 38 годишен охриѓанец, кој во девет наврати измамил жители на Виница и Штип за над 3,5 милиони денари

Триесет и осумгодишен охриѓанец заврши во притвор. Тој се товари за измама на шест лица во Штип и три во Виница, со што се стекнал со над 3,5 милиони денари. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека расчистени се девет сторени кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни незгоди. На ден 04.02.2026 од страна на

Прекинато судењето за „Пулс“: На газдата на објектот не му било добро, мајка на жртва ги покажа модрите вени од инфузии!

Потресни сцени, вербални пресметки и прекин на рочиштето го одбележаа денешното судење за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Додека преживеаните сведочеа за стампедото и „спуштениот плафон“ кој станал огнена стапица, одбраната издејствува прекин поради влошената здравствена состојба на еден од обвинетите. Тензиите го достигнаа врвот кога адвокатката на Гроздан Милковски (сопственик на објектот) побара

Сведоштво на пожарникарот Паунов за трагедијата во Кочани: Пристигнавме во „Пулс“ пет минути по дојавата, имаше многу заглавени лица

Противпожарниот тим дојавата за пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја примил во 2:35 часот, а бил изгаснат околу 4 часот. Пожарникарот Благој Паунов, кој со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило, на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше дека кога пристигнале на местото на настанот пет минути по