Со изложба на икони „Уметниците за Свети Никола“ започнаа чествувањата на патронот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со изложба на икони „Уметниците за Свети Никола“ денеска 18 ти декември во Центарот за култура Марко Цепенков и традиционалното чествување во населбата Сточен Пазар, започнаа празничните настани по повод градската слава Свети Никола.

По тој повод градоначалникот Дејан Проданоски упати покана за заедничко прославување на големиот православен празник:

Чест и големо задоволство ми е да Ве поканам заедно да го прославиме големиот христијански празник Свети Никола, заштитникот и патрон на нашиот горд град Прилеп. ​Во име на домаќините на овогодинешната прослава, и во мое име, како градоначалник, Ве повикувам да бидете дел од традицијата која не обединува во духот на заедништвото, хуманоста и верата.

Честувањето на празникот Св.Никола утре 19 ти декември, започнува во 08:00 часот со Архиерејска Божествена литургија, со која ќе чиноначалствува митрополитот Преспанско-Пелагониски г- Петар , во Црковниот храм „ “Св.Блоговештение“-Прилеп.
Водосвет и прережување на празничниот колач ќе се изврши пред Параклисот на „Св.Никола“ во центарот на градот во 12:00 часот.
За сите добронамерници од 12:30 часот ќе биде послужена празнична, посна, светиниколска трпеза, во центарот на градотна плоштадот Александрија, која ја подготвија домаќинитие на овогодишната градска слава, компаниите Матадор и Бимфуд.

По повод градската слава,  на плоштадот „Александрија“ за сите посетители, ќе биде организирана и пригодна, културно-уметничка програма на која ќе настапи прилепската група „Тајфата“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...