Шестмина повредени во сообраќајка кај Тополчани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На пат кон Прилеп дел од фудбалската екипа која синоќа требаше да учествува на Светиниколскиот турнир во мал фудбал повредени во сообраќајна несреќа:

На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

По информацијата за сообраќајната несреќа синоќа организаторите на турнирот одлучија првото место да им припадне на двете екипи АСП ПАК од Охрид и ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ од Прилеп, што беше поздравено со аплауз од публиката.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО) Честитки за Јордан – крстен на Водици, најсреќниот во Прилеп

Јордан Ангелески, 17 годишник, ученик во прилепската гимназија е најсреќниот годинава кој го фати светиот крст од осветените води во базенот во Аква паркот на хотелот „Салида“ на централната манифестација за Богојавление -Водици во Прилеп. На Ангелески ова му е прво учество. Денеска му е именден, а на денешен ден,...

Крушеани за прв пат положен Светиот крст – најсреќен Горан Николоски

Во селото Крушеани, општина Кривогаштани годинава за прв се изведуваше чинот на положување на светиот крст. Мештаните минатото лето се потрудија да изградат базен кој што за овој голем празник Водици 2026 та се изведуваше  традиционалното осветување на водите. По утрената  богослужба во месната православна црква во Крушеани пред голем...

Водици 2026: Леонид Кукуноски најсреќен во Мало Коњари

Со утрена богослужба започна одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици во црквата Пресвета Богородица во Мало Коњари. Традиционално чинот на полагањето на Светиот крст се изведе во водите на базенот во дворот на црквата каде присуствуваа голем број на верници. Од деветте момчиња кои учествуваа, најсреќен и најупорен беше...