На пат кон Прилеп дел од фудбалската екипа која синоќа требаше да учествува на Светиниколскиот турнир во мал фудбал повредени во сообраќајна несреќа:
На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.
По информацијата за сообраќајната несреќа синоќа организаторите на турнирот одлучија првото место да им припадне на двете екипи АСП ПАК од Охрид и ТЕА АНДРЕА/ХАЈВ КАФЕ од Прилеп, што беше поздравено со аплауз од публиката.









