Советот на Општина Прилеп ја одржа 52 седница предвидена за советнички прашања, а советниците бараа одговори за работата на локалната самоуправа и јавните комунални претпријатија: за состојбата со кучињата скитници во градот, за состојбата со хигиената , квалитетот на водоснабдувањето, за инфраструктурните и урбанистичките решенија кои се носат, за детската градинка во нас. Точила, за состојбата со амбиенталниот воздух во Прилеп, за осветлувањето во градот, за состојбата со паркинг просторот, за заштита на изворите во Оревоец итн.
На прашањата поставени од советниците, одговараше градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, како и раководителите на локалната самоуправа и директорите на ЈКП.
“Прилепчани имаат право на слободно дивжење од кучињата скитници. Состојбата е алармантна. Знам дека проблемот е комплексен и тежок, но кај вас се алатките и решенијата за да го вратиме основното човеково право на слободно движење!“ дискутираше Моника Грашоска и бараше одговор тоа кога ќе се реши овој проблем во Прилеп и одговор за лошата состојба во која се наоѓаат прилепските улици.
Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески одговори дека макимален е напорот на локалната самоуправа и Комуналец за заловување на кучињата скитници, за нивнот згрижување и здравствено безбеднот, а за прилепските улици тој укажа на досегашното сработеното од локалната власт во реконструкција и рехабилитација на улици низ градот.
Советниците се интересираа зошто до овој момент Општина Прилеп нема склучено договор со фирма за зимското одржување на улиците, каков е квалитетот на водата за пиење, каков е квалитетот на воздухот во Општина Прилеп …
Директорот на ЈКП “Водовод и Канализација“ образложи дека матноста на водата што се појавила неодмна се должи на пуштањето на бунарите, но анализите покажале дека водата е исправна и дека “пред да се вклучат бунарите во системот биле детално „испрани„ – рече тој “ и додае “така да, во системот никој не би пуштил вода која е не исправна за пиење“ нагласи Гулабоски, директорот на ЈКП “Водовод и Канализација“-Прилеп.
„Нема ниту загаденост на воздухот“, информираше градоначалникот на Прилеп, посочувајќе дека се води строга контрола и мерења на PM честичките и дека Прилеп досега, споерд мерните центри, не бил загаден град.
Во Буџетот, во наредната година, ќе биде опфатен и бесплатен оброк за децата до трето одделение, објасни Јовчески на советничко прашање “дали локалната самоуправа сноси одговорност зошто сите деца немаат исти третман кога е во прашање бесплатнитот оброк?.“
Стана, повторно збор и за тоа кога ќе биде пуштена во употреба новата детска градинка “Бајка“. Советниците прашаа “зошто сеуште не е ставена во функција?“.
„Се чека финансиска согласност од Министертвото за финасии“, одговори градоначалникот, потврдувајќи дека конечно градинката ги исполнува сите критериуми и стандарди кои не беа предходно исполнети, за до февруари да биде аплицирано и за уште една детска градинка со средна големина.
Советниците побара од локалната самоуправа и поквалитетно организирање на новогодишната програма, за подобро новогодишно расположение, со поквалитетно новогодишно украсување на градот за дочек на Новага година , но беше ставена и темата за спортот
“Издвоиме 4 милиони денари предходно ,односно 5 милиони денари минатата година од Буџетот за спортот. Спортот е на маргините, а за оваа ставка страмота е што од Буџетото се издвојуваа само 0,30 % за спорт. Општината не вложува за развој на младите спортисти, ниту пак, некогаш сме субфенционирале во младите. Спортската инфрастурктура пропаѓа. Еден пример е салата “Партизан“ која се распаѓа. Дали за Буџетот во 2025 ќе одвоите барем 300 илијади евра за спорт во Прилеп?.“- праша советникот Александар Ѓорѓиоски,споредувајќи ги изввојувањата за спортот во дугите градови во Макеоднија кои имаат и помал број на жители од Прилеп
Стана збор и за итноста од формирање на младинскиот Центар во Прилеп, како законска обврска која не е исполнета од страна на општина Прилеп.
“Имаме проекти за рехабилитација и досизградба на спортски сали, и ќе се покрижиме една од објектите “Универзална сала“ да стане функционална,затоа што не се само потребни финасии за клубовите, туку и важни се услови за работа на спортисите.“ – објасни градоначалникот, одговорајќи дека за младинскиот центар се чекаат млади да одлучат за локацијата каде сакаат тие тој центар да биде лоциран.
Советникот, Марија Симоноска дискутираше за недостигот на паркинг простор и праша кога ќе има субфенции за клима уреди и пилети?
Проблемот со паркинг просторот е создаден од предходната власт, која не испланирала паркинг простор при изградбата на сообрајќаното решени на Булеварот “Гоце Делчев“,одговори градоначалникот
Прашања поврзани со инфраструктурата, социјална заштита, состојбата протестите на жителите од Оревоец и со изворите во Оревоец, зараи ископот од страна на Јавното претпријатие и “Бехтел и Енка“, исто така беа дел од советничките прашања,
“Што градоначалник ќе преземете за заштита на изворите кај Оревоец?“ праша советникот, Катерина Кузеска, елеборирајќи ја причината за осумесечниот протест на жителите од с. Оревоец .
„
Од првиот ден активно се произнесов дека треба да ги знаме сите параметри до кој степен се одразува коцесијата (која не е издадена во мојот мандат) за ископ во тој регион. Испитени се сите точки, што би можело да се случи. Тука се вклучува и нашата обиколница. Тука има рудници уште на три /четири концесионери, кога е во прашање прашината. Објектот “Пашовски ливади“ нема потреба да се мешаат со овој настан.“, рече Јовчески и го повика директорот Гулабоски да објасни подетално.
“Каптажата за село Оревоец е посебна, а ние како Општина Прилеп и ЈКП немаме ингеренции во сето тоа со Оревоец.“ објаснуваше, Гулабоски.
Недобивајќи јасен одговор по ова прашање, и без дополнителни прашања од советниците, во продолжение, Претседателот на Советот, тука ја затвори 52 седница на Советот на Општин Прилеп наменета за советнички прашања.