Родителите побараа одговор за присуство на цијанид кај нивните починати, доколку не го добијат за три дена – заминуваат пред Судска медицина

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Доколку  во рок од три дена не добијат одговор од надлежните институции, родителите на почиатите во трагедијата во „Пулс“ денеска на 40. „Марш за ангелите“ порачаа дека ќе бидат присилени  да се соберат пред Институтот за судска медицина во Скопје и дека нема да заминат додека не добијат соодветен одговор.

Како што нагласија во своето обраќање, што пред Судот и Обвинителството во Кочани го прочита Александар Наунов, татко на починато девојче, тие два месеци чекаат одговор од Институтот за сдуска медицина и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет во Скопје за тоа дали се направени токсиколошки анализи за присуство на цијанид или сродни токсични соединенија кај нивните починати деца.

-На 14 јануари 2026 година, ЗГ  „16-ти Март 2025“ – Кочани официјално достави барање до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет – УКИМ Скопје, со едно единствено барање – вистината. Побаравме јасен и недвосмислен одговор: – дали Институтот бил вклучен во токсиколошките анализи, – дали било испитувано присуство на цијаниди или сродни токсични соединенија, – и доколку такви анализи не биле извршени, тоа јасно да биде наведено. Од тоа барање поминаа веќе два месеци, а до денес немаме никаков одговор. Дополнително, уште пред четири месеци побаравме итна средба со претставници од Судска медицина. Наместо конкретни одговори, добивме само колективна средба со директорот на Судска медицина, на која ни беше кажано дека дополнително ќе бидеме повикани и детално ќе ни биде се објаснето. Од тогаш — повторно целосен молк. И ова не е првпат јавно да го поставуваме ова прашање. И минатата недела, на маршот, јавно го поставивме истото прашање пред институциите и пред јавноста. Но и по тоа — повторно никаков одговор, рече Александар Наунов.

До денеска, според претседателот на ЗГ „!6 март 2026 Кочани“, Александар Наунов, повеќе од една година подоцна, тие сè уште немаат целосен одговор иако во меѓувреме  добиле решение од Природно-математичкиот факултет – Скопје во кое било потврдено дека по наредба на кочанското обвинителство бил изготвен вешт наод и мислење поврзано со предметот, но без одговор дали е испитуван цијанид и што покажуваат анализите. ПМФ ги упатува кон ОЈО Кочани и Судска медицина од каде добиле само молк.

-Ова е неприфатливо сокривање на информации за семејствата кои имаат право на вистината. Бараме одговор, вистина и достоинство, истакна Наунов.

Четириесетиот „Марш за ангелите“ и денеска започна од „Паркот на Револуцијата“,   луѓето поминаа низ Трговскиот центар, кратко се задржаа пред УЈП и Полициската станица. Наунов своето обраќање го имаше пред Судот и Обвинителство, по што маршот заврши каде што и почна – во „Паркот на Револуцијата“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

14. вечер на македонскиот афоризам, две награди за Ристо Филчевски

Вечерва во Мултикултурниот центар во Кочани се одржа финалето од 14. издание на  манифестацијата „Вечер на македонскиот афоризам“, која во последните четири години пошироко се афирмираше под називот  АФКО. Организаторот, Здружението на граѓани Афористичка репрезентација на Македонија, најпрвин овозможи читање на афоризми од сите присутни членови на „Репрезентацијата“, а потоа беа доделени наградите на најспешните

Граѓаните на Кочани можат да го селектираат текстилниот отпад во посебни контејнери

По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени на трајно користење на Општината. Еден од контејнерите за текстилен отпад беше лоциран во дворот на ОУ „Св. Кирил и Медоиј“ во Кочани, а останатите

ДПД Кочанин започна кампања за собирање донации за набавка на ново специјално пикап возило

Доброволното  противпожарно друштво од  Кочани започна со кампања за собирање средства за набавка на едно пикап возило, кое ќе биде надоградено со модул за гасење на шумски пожари и пожари на отворено. -Со набавка на  ова возило ќе го комплетираме нашиот предвиден возен парк и значително ќе ги зголемеме капацитети во справување со шумските и