Граѓаните на Кочани можат да го селектираат текстилниот отпад во посебни контејнери

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По договорот склучен помеѓу Општина Кочани и лиценцираната компанија за екотекстил „Екотекс груп“, како еден од колективните постапувачи во Македонија, денеска во Кочани пристигнаа 10 контејнери за текстилен отпад, отстапени на трајно користење на Општината.

Еден од контејнерите за текстилен отпад беше лоциран во дворот на ОУ „Св. Кирил и Медоиј“ во Кочани, а останатите ќе бидат сместени во другите седум училишта училишта и во детската градинка, каде што граѓаните ќе можат да го остават својот текстилен отпад, односно текстилните производи коишто повеќе не ги користат.

Целта е текстилниот отпад да не се исфрла на депониите, каде што тешко се разградува. Откако ќе се наполни контејнерот, компанијата „Екотекс груп“ ќе го испразни, за тој да продолжи на натамошен третман.

Според законите за управување со отпад, општините како клучен столб во системот за управување со отпадот имаат задача да воспостават собирни центри и контејнери за текстил.

За таа цел Општина Кочани ги повикува граѓаните да го селектираат текстилниот отпад совесно користејќи ги соодветните контејнери.

 

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Пролеттни Денови на медот“ во Кочани за прв пат….

Денеска, 10 и утре 11 април во Паркот на Револуцијата во Кочани  за прв пат се оддржуваат „Пролетни Денови на медот“  во организација на здруженијата „Златна Кошница“ и „Меден Исток“. На манифестацијата беа изложени мед , пчелни производи (прополис, матичен млеч, креми, како и пчеларска опрема Радио Кочани беше на настанот при што остваривме директна

Денеска е Распети Петок најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници

Денеска, 10-ти април, Распети Петок, најтажниот и најтешкиот ден во годината за православните верници, денот кога се одбележува страдањето и распнувањето на Исус Христос. Овој ден се поминува во тишина, молитва и строг пост, со богослужби посветени на Христовите страдања. Верниците се поклонуваат пред Плаштаницата, симболично учествувајќи во Христовото погребение. Утревечер, по полноќ, односно во