RK Прилеп немоќни пред налетото на Охрид – се “прeдадоа“ уште во првото полувреме

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ракометарите на РК Прилеп вечерва беа беспомошни пред налетот на силниот противник Охрид.  Без особени проблеми охриѓани запиша триумф  над Прилеп со 16 гола разлика (34-18).  Поведоа гостите со 4-1, па 5-2 и јасно ставија до знаење од стартот дека се понадмоќен противник на овој  натпревар и  уште по првиот дел го решија прашањето околу победникот, Прилеп – Охрид на полувреме 10:19

Во вториот дел уште поагресивна игра на ракометарите на Охрид , каде постигнаа водство од 15 голови разлика и само рутински ја одработија задачата до крајот на натпреварот

Во составот на Прилеп, најмногу голови, четири, постигна Шабановиќ.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...