РК Прилеп декласиран од Еурофарм Пелистер со 46:24 (23:16)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Ракометарите на Еурофарм Пелистер без проблеми славеа победа над Прилеп со 46:24. Вечерва во Битола, пред околу 1.000 гледачи, во салата “Боро Чурлевски“ ракометарите на Еурофарм Пелистер го отворија 11. коло од Супер лигата и лесно дојде до победа над екипата на Прилеп. Ракометарите на Прилеп едноставно беа немоќни пред налетото на пелистерци.

Од самиот почеток битолскиот состав ја наметна својата игра и веќе на паузата водеше со 23:16. За пелистерци ова беше 9-ти сезонски триумф во домашниот шампионат, а за прилепчани само еден тест на силите пред натпреварот со Пролет  на следниот меч во гости, во Скопје.

На овој натпревар , Филип Кузмановски, со шест гола, беше најдобриот стрелец во екипата на  Еурофарм Пелистер, додека за Прилеп, по шест голови постигнаа Илиески и Цветаноски.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Витаминка овозможува бесплатни прегледи за вработените мажи во компанијата

Во насока на проширување на грижата за вработените Витаминка организира бесплатни специјалистички прегледи за околу 300 мажи вработени во компанијата. Станува збор за прегледи на доброволна основа кои веќе се спроведуваат од почетокот на декември а ќе траат до крајот на март следната година. Прегледите кои ќе се изведуваат во...

Утре (среда) прекин на ел. енергија во нас. Димо Наредникот

ЕВН – Македонија известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа на 04.12.2024 год ( среда ) од 12.00 ч. до 13.30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат следните корисници на Општина Прилеп : дел од Ул. ,, Димо Нареднико ” – поранешна стоковна 4 – ти...

Дали во Македонија од 2026 во пензија ќе се оди на 67 години?!

Деновиве зачеси дискусијата за можното поместување на старосната граница за пензионирање во  Македонија. Иницијативата доаѓа од  Фискалниот совет (државна институција) основан од Собранието, кој што предлага зголемување на староснат граница за пензија на 67 години како дел од мислењето за Фискалната стратегија (2025-2029). Предлогот, кој што е доставен до Собранието,...