Реконструкција на тротоарите на ул „Кеј 1ви Мај„- граѓаните можат да се вклучат со свои предлози

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По должината на улицата „Кеј 1-ви Мај“ до  железничкиот мост на кејската улица. се врши комплетна  рекнструкцијата на тротоарите, за безбедно движење на пешаците.

„Проектот опфаќа целосна реконструкција и уредување на тротоарот со бекатон плочки, поставување ново улично осветлување, кое досега недостасуваше на овој потег, како и поставување урбана опрема, со што просторот ќе биде безбеден и функционален за пешаците. Со оваа инвестиција значително се подобруваат безбедноста, функционалноста и изгледот на кејскиот појас, кој е важна пешачка и рекреативна зона за сите граѓани, особено за жителите од околните населби.“ истакна градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски кои беше на увид на градежнит активности.

Вкупната вредност на проектот изнесува околу 7 милиони денари. Целта на проектот е подобрување на локалната инфраструктура , а проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“, се спроведува како дел од „Проектот за поврзување на локални патишта во Република Македонија„ кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект (ЕИП) при Министерството за транспорт, со финансиска поддршка од Светска банка.

Во реконструкцијата на тротоарите на улицата улица Кеј 1-ви Мај“, општина Прилеп ги  вклучува и граѓаните да земат активно учество, во реализацијата на проектот со носењето на предлози, решенија и одлуки според нивните потребите и видувања за поквалитетна реализиција на овој инфраструктурен зафат.

Транспаретно, на официјална веб страна од општината веќе е достапен т.н „Образец за поплаки за проектот „Реконструкција на тротоари на улица Кеј 1-ви Мај“

Образецот за поплаки на веб-страницата на Општина Прилеп можете да го преземете ТУКА

Образец за поплаки ќе остане објавен на официјалната веб страна на Општина Прилеп за целиот период од спроведување, сѐ до завршувањето и затворањето на проектот. А, сандачиња  за жалби и поплаки се ставени и во приемно одделение  ЕЛС Општина Прилеп.

Со започнување на градежните работи општината се обврзува да ја информира јавноста, односно локалното население и останатите засегнати страни дека можат да земат активно учество преку Механизам за жалби и поплаки, а со тоа и самите да се вклучат во реализацијата на проектот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Џудо клубот „Пролетер“ со новогодишна забава ја заокружи 2025

Вечерва во преполната спортска сала при СОУ „Орде Чопела“, прилепскиот џудо клуб „Пролетер“ ја реалзираше традиционалната новогодишна забава за младите џудисти, нивните родители и роднини, како и за пријателите и поддржувачите на клубот.   На настанот беа истакнати најуспешните џудисти кои се закитиле со многу награди на домашните и меѓународните...

(ВИДЕО + ФОТО ) Продолжува новогодишната приказна во центарот на Прилеп

Кога ќе се погоди , новогодишна приказна , убаво друштво , прекрасен музички репертоар и секако забава под отворено небо во супер атмосфера тогаш како викаат во модерново време , „ФИЛИНГОТ” е на високо ниво.Ете така беше и вечерва во центарот на Прилеп.Многу задоволни насмеани лица , распеани , разиграни...

(ВИДЕО)Алексовски: Заштитен бренд на прилепскиот тутун е квалитетот

Кога ќе се спомне тутун тоа веднаш асоцира на Прилеп, а Комбинатот е неизоставен дел од мозаикот во кој што токму оваа компанија беше темелот, а денес е локомотивата во тутунопроизводството и пласманот на оваа индустриска култура.За текот на откупот, за производството на цигари, за финансиската консолидација на Комбинатот, за...