Првото бебе во Новата 2026 година во Прилеп е машко – а градот доби уште три нови члена на овој прв ден од новата година, две машки и едно девојче

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Два часа по полноќ Прилеп го доби првиот жител на градот во новата 2026 година. Првото бебе во Новата 2026 година во Прилеп е машко, а мајката Софија ја доби својата втора рожба, синот Герасим .

Градначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски претпладнево го посети одделението за гинекологија и акушерство во Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп и до мајката и бебето упати искрени желби за добро здравје, среќно и безгрижно детство и долг живот сполнет со љубов.  Во знак на внимание и поддршка, тој во името на Локалната самоуправа на општина Прилеп, на семејството  им подари штедна книшка и пригодни подароци за новиот член.

“Овој убав и симболичен почеток на годината кој ни„ дава дополнителна мотивација и обврска уште повеќе и посветено да работиме на создавање подобри услови за младите семејства и за зголемување на наталитетот во нашата општина. Грижата за новите генерации е инвестиција во иднината на Прилеп и затоа ќе продолжиме со политики и мерки кои ќе го поддржуваат семејството, родителството и квалитетниот живот во нашиот град. Со многу надеж и оптимизам, продолжуваме да градиме подобра сегашност и посигурна иднина за сите наши сограѓани“ истагна, Проданоски.

Бебето и мајката се во одлична здравствена состојба, велат од гинеколошко акушерското одделение при ОБ “Борка Талески“ Прилеп, кои исто така, заедно со опшествено одговорната компнија Автоконтрол и подарија на мајката пригодни подароци.

“Бебето се роди по природен пат, со тежина од 4 кг , долго е 51 см и е во одлична здравствена состојба. Мајката е второротка и е исто така во одлична здравствена состојба. Им посакуваме многу среќа и радосно, весело детство и многу здравје нему и на семјството„ истакна директорот на ЈЗУ ОБ “Борка Талески„ – Прилеп, Кире Јоноски.

Во привот ден од годината во утринските часови Прилеп доби уште три нови жители, две машки и едно девојче, едно од нив, од с. Црнилиште.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: