Притвор за 6 лица и мерки претпазливост за 17-тина приведени за случајот со Прилепската болница, бара обвинителството

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Прилепското обвинителство побара притвор за шест лица и мерки претпазливост за 17-тина кои се приведени за случајот со Прилепската општа болница .

Основното јавно обвинителство Прилеп до прилепскиот Суд за случајот со Општата болница во Прилеп поднесе предлози за притвор за шест лица, за 15-тина мерка за претпазливиост и за шест до седум правни лица (од Прилеп, Битола, Скопје) предлог за изрекување забрана за учество во постапки за јавни набавки, вели Јасмина Шишковска претседателка на Основен суд Прилеп.

Во Прилепскиот суд донесени се приведените лица за случајот со финансиското работење на Прилепската болница.

Повеќе од 10 лица синоќа и утрово се приведени во прилепската полиција за случајот со  Општата болница во Прилеп во која финансиската полиција вршеше контрола за работењето во оваа институција. Во текот на денов приведените треба да бидат спроведени во Судот во Прилеп.

Управата за финансиска полиција вчера постапи по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство од Прилеп. Во текот на вчерашниот ден се презедоа дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работата на прилепската болница.

Според Основното јавно обвинителство, од април годинава, се постапуваше во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, а поврзано со финансиското работење на болницата. Дејства преземаше Управата за финансиска полиција и тогаш беше извршен претрес на осум локации во Прилеп.

Набрзо по стапувањето на функцијата, лани 2024 година, сегашниот директор на прилепската Општа болница „Борка Талески“, Кире Јоноски,  во повеќе наврати на прес-конференција изјави дека биле забележани неправилности во финансиското работење на Болницата и дека болницата ја наследил со долг од речиси 193 милиони денари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Карпи, мегалити“ прва самостојна изложба на уметникот Михаил Паскоски

На Маркови Кули кај карпата Слонот во Прилеп в недела на 17 ти мај, од 11 и 30 часот, на отворено,  Михаил Паскоски ќе ја одржи својата прва самостојна изложба на графички дела. Михаил Паскоски (2000) е роден во Прилеп, каде го поминува своето детство и завршува основно и средно...

Приведен 14 годишник, возел без дозвола

Од полициската хроника информација за приведување на малолетник од долненско кој управувал со автомобил: – На 13.05.2026 во 14:40 часот на патот Прилеп – Македонски Брод, кај с.Сарандиново, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 14 – годишен жител на с.Пешталево, општина Долнени. При контрола во сообраќајот полициските службеници...

Државни прваци во ракомет се учениците од ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ – Прилеп

Учениците од основното училиште „Кире Гаврилоски-Јане“ се државни прваци во ракомет. На Државното првенство во ракомет (машки) за основни училишта кое се одржав во салата на ООУ „Добре Јованоски“,  тие покажаа борбен дух, црврста и организрана игра и заслужено беа победници на турнирот во организација на  Федерација на училишен спорт...