Прилеп се подготвува за Карневалот „Прочка 2026“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во пресрет на празникот Проштени поклади – Прочка Прилеп се подготвува за традиционалниот Карневал кој што е еден од традиционалните настани и манифестации за градот. Градоначалникот Дејан Проданоски остварил средба со првите луѓе на Федерацијата на европските карневалски градови со претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови (FECC), г-дин Ларс Алгел од Шведска, и потпретседателот Александар Цицимов.

Од средбата треба да произлезе поголема промоција на Прилеп за позиционирањето на градот како важна карневалска дестинација во Европа и подигнување на прилепскиот Карневал на повисоко  меѓународно ниво за привлекување поголем број на учесници со атрактивна програма.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: