Прилеп: Се обиделе да ги скријат доказите, двајца полицајци ќе останат без работа

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.

На 08.12.2025 околу 23:40 часот В.Ј., на работно место приправник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во ОВР Прилеп, во дворот на семејната куќа испукал два пати од службен пиштол на МВР, задолжен од второпријавениот А.Л., на работно место полицаец во Полициската станица Прилеп, кој претходно му го дал на располагање. Притоа, проектилите завршиле во соба од соседната семејна куќа, а откако на местото пристигнале полициски службеници, првопријавениот со намера да го спречи и отежне докажувањето го земал едниот од испуканите проектили од соседната куќа и го преместил во дворот од својата семејна куќа. Прво и второпријавениот, со намера да го спречат и отежнат докажувањето, со пишани пораки преку телефон се договориле да го негираат настанот во целост. Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Според склучените договори тутунската реколта 2026/27 ќе биде рекордна

Доколку послужат временските прилики тутунската реколта за која во тек е расадопроизводството се очекува да биде рекордна со околу 30 000 тони продукција. Податоците за склучени договори покажуваат дека има голем интерес и кај тутунопроизводители, но и кај откупувачите за производство на ароматичен ориентален тутун во Македонија.

(ВИДЕО)Трипуновски: Откупени околу 100 000 јагниња, исплатени субвенциите за одгледувачите на овци

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во Прилеп одржa работен состанок со Сојузот на одгледувачи на овци и со претставници на здруженијата, на кој се разговараше за актуелните состојби во секторот овчарство и откупот на јагнето. Што се однесува на откупот на македонското јагне цената се движи од...

(ВИДЕО)Проданоски: Правиме сериозни напори за поквалитен живот во населбата Тризла

Традиционално денеска на јарболот пред општинската зграда во Прилеп беше подигнато знамето на ромската заедница,  во знак на почит кон нашите сограѓани кои го одбележуваат Меѓународниот ден на Ромите 8 ми април. Со тоа започнаа активностите по повод празникот како најава за централниот настан кој што ќе се одржи во...