(ВИДЕО)Проданоски: Правиме сериозни напори за поквалитен живот во населбата Тризла

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Традиционално денеска на јарболот пред општинската зграда во Прилеп беше подигнато знамето на ромската заедница,  во знак на почит кон нашите сограѓани кои го одбележуваат Меѓународниот ден на Ромите 8 ми април. Со тоа започнаа активностите по повод празникот како најава за централниот настан кој што ќе се одржи во Центарот за култура  од 17 часот – културно уметничка програма „Гласот на успехот – Ромите во современото општество“. Градоначалникот Проданоски најави неколку проекти кои ќе се реализираат наскоро во населбата Тризла што ќе значат подобрување на квалитетот на живот.

– Општина Прилеп посериозно започнува да се грижи за жителите од ромската заедница. Правиме сериозни напори за подобрување на квалитетот на живот во населбата Тризла, каде Ромите најмногу живеат. За овој дел од градот ќе се изработат четири урбанистички планови, од кои два се во тек. Аплицираме до европските фондови кои даваат поддршка за ромското население. Дополнително ќе продолжиме со инфраструктурни проекти. Планираме да поставиме повеќе од четири километри асфалт, од кои годинава ќе бидат завршени дел од нив – рече градоначалникот Проданоски, честитајќи го празникот на сите Роми и упати покана за присуство на централната манифестација во Центарот за култура Марко Цепенков.

Во Прилеп, во населбата Тризла живеат околу 7 илјади Роми, потребно е подобрување на патната инфраструктура и решавање со недостигот вода во еден дел од населбата.

-Со вложување на голем напор ќе ги подобруваме условите за живот на Ромите, иако е факт дека се соочуваат со проблеми од делот на инфраструктура, образование… Нашата цел е да работиме да се подобрат елементарните услови за живот. На пример во населбата Три багреми жителите се соочуваат од недостиг на вода , како и инфраструктура, рече Алмир Сулејманоски, советник во општина Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепчанец при орање нива пронашол гранати

Прилепчанец при обработка на нивата, пронашол гранати од Првата Светска војна и пријавил за нивно отстранување. Имено, вчера ( 18.04.2026) во ОВР Прилеп е пријавено дека во нива на место викано „Горно Садово“, прилепско, се пронајдени гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал експлозивните направи. Констатирано...

Изложба „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи во Прилеп

Синоќа во Ликовната галерија од ЦК “,Марко Цепенков” – Прилеп беше отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Уметникот се претставува со  30 дела работени на картон и на алуминиумски лим. Отворајќи ја изложбата м-р Каролина Мицевска, посочи дека на делата се насликани многу геометриски форми и симболи во боја,...

Иницијтива за обновување на ФК Варош – Прилеп

Група љубители на фудбалот, главно „по потекло“ од Варош, креираат иницијатива за обнови на некогашниот фудаблски клуб „Варош, под наслов „ Да го обновиме ФК Варош – Прилеп!“ Во нивната иницијатива се вели: „Со голема љубов кон спортот и нашата населба, сакаме повторно да го вратиме животот во ФК Варош...