(ВИДЕО)Според склучените договори тутунската реколта 2026/27 ќе биде рекордна

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Доколку послужат временските прилики тутунската реколта за која во тек е расадопроизводството се очекува да биде рекордна со околу 30 000 тони продукција. Податоците за склучени договори покажуваат дека има голем интерес и кај тутунопроизводители, но и кај откупувачите за производство на ароматичен ориентален тутун во Македонија.

„Во однос на внесувањето на договорите во ИСЕТ системот, знаете дека го пролонгиравме рокот до 9-ти овој месец. Меѓутоа, заклучно со вчерашните податоци кои ги има Министерството случени, односно внесени се околу 35 100 договори во системот, за површина од 15.110 хектари под ориентален тутун. Ако правиме анализа, споредбено со 2024-та година, имаме некаде над 5.000 договори плус во тековнава година внесени, од страна на земјоделците и за некаде около 2.100 хектари поголема површина, споредбено со 2024-та година. Ова е уште еден показател дека интересот за оваа важна култура е голем. Од страна на тутунарите препознаена е заложбата на Владата во делот на пласманот, откупот и целата активност која се одвива во делот на оваа култура и постигнатата цена и затоа имаме вакко зголемување во тековна 26-та година. Се надеваме дека по завршување на крајниот рок  9 ти овој месец ќе ги имаме финалните бројки за еден сериозен развој во последните две години,“ рече министерот Трипуновски. Во однос на исплатата на субвенциите за реколтата 2025/26 посочи дека податоците се обработуваат и наскоро може да се очекува финансиската поддршка и за оваа земјоделска гранка.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Продолжува врнежливото време

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне, утре, вторник и во среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни кон крајот на денот, кога наместа ќе бидат во форма на невреме со пообилен...

Продолжуваат археолошките истражувања на локалитетот Стибера

Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на овој локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со гео скенирањето во 2023 година.Резултатите од геоскeнирањето...

Еко херои – сите пофалби за учениците од СОУ „Р.Р. Ричко“ – Прилеп

Еколошки херои се учениците од Секторот графичарство од Ричко. Неуморните Еко активисти од Сектор Графичарство, при СОУ ,,Ристе Ристески -Ричко”, денеска собраа над 1000 кг. отпадна хартија од ЈОУ,, Борка Талески”, во рамките на акцијата , Рециклирам, значи постојам”. „ ЕКО акцијата,, Рециклирам, значи постојам”, која се организира по повод...