Прилеп конечно доби проект за нов театар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Градот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, градот со речиси осум децениска традиција на официјален театарски ансамбл и програма, градот кој преживеа неколку предизборни ветувања за изградба на нов театарски објект  – конечно доби проект за нов дом на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп. По идејното решение изготвено пред повеќе од 6 години, изготвен е проект за чија реализација беа потребни 3 години.

Новиот дом на прилепските актери ќе биде во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп, а проектот опфаќа реконструкција со доградба и наградба на Центарот за култура со обезбедување на простор за театар со две гледалишта, кино сала и подземен паркинг простор. При тоа, на 45 години од постоењето на објектот од Центарот за култура планирана е негова реконструкција, така што станува збор за 2 одделни проекти, посочи Марија Попова Јованоска, ВД директор на  НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп под чија надлежност функционира и Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп.

„Всушност станува збор за два одделни проекти, а тоа е по барање на надлежните од Министерството за транспорт и врски. Првиот проект е основен проект за реконструкција на објектот на „Марко Цепенков“, објектот значи кој останува, а вториот проект е основен проект за доградба и надградба на основен проект. Тоа е проектот кој се доградува – Театарот „Војдан Чернодрински“. Реконструкцијата на објектот на НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп се однесува на содржинско збогатување и функционално редефинирање на просторот како и подобрување на постоечката физичка состојба на просторот и замена на дотраените материјали и техничка опрема, со што имаме оформување на просторот во кој и публиката и вработените ќе се чувствуваат комфорно и безбедно. Додека пак доградбата и надградбата на објектот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ Прилеп се однесува на обезбедување на комплетно нов простор кој ќе биде наменет како театар во склоп на Центарот за култура со тоа што се отстрануваат просторните целини од постоечкиот објект, рече Јованоска на прес конференција, рече Јованоска додавајќи дека двата дела ќе функционираат како една содржинска целина со можност во иднина тие да функционираат како засебни целини.

Од Министерството за транспорт и врски се чека одобрение за градба. Следен чекор е да се обезбедат финансиски средства за реализација на проектите. За двата проекти се од Центарот за култура „Марко Цепенков“ се обратиле до Министерството за култура и туризам за да обезбедат финансиски средства за реализација и да ги одобрат во годишната програма за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти кои националните установи ги користат за 2025 година. На одговорот за финансиски средства треба да се причека. Потребни се околу 18 милиони евра за изградба на новиот театар, а пак околу 9 милиони евра за реконструкција на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(Видео) Петкоски: СДСМ е политички труп. Имаа повеќе од 7 години да реагираат, но како и секогаш – избраа да не направат ништо

По објава на ОО на СДСМ Прилеп (на т.н прес без новинари) дека објектот, некогашен “Работнички Универзитет – Прилеп“ е руина поради негрижата на локалната власт, советнкот при Советот на Општина Прилеп, од редовите на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата,  Влато Петкоски на прес конференција рече:

Прилепска Пиварница добитник на платинеста награда за извонредност во квалитет и безбедност на храна од PepsiCo за 2024 година

Прилепска Пиварница е едната од само две фабрики во Европа што ја добиваат платинестата награда, од вкупно 28 наградени производители на храна и пијалаци низ светот. Наградите се доделуваат во четири категории: платинеста, златна, сребрена и бронзена, и ги препознаваат најдобрите производствени капацитети на PepsiCo за извонредни резултати во областа...

Промоција на романот „Светот што го избрав“ од Калина Малеска-осмо издание „Процеп во процес“

Осмото по ред издание на литературно-културолошкиот концепт „Процеп во процес“, кој го иницираше и реализира Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе се одржи денеска, петок 9 мај од 19.00 часот ќе се одржи со промоција на  романот „Светот што го избрав“, од Калина Малеска,  кој ја понесе престижната...