Претставата “Маѓепсан круг“ на гости во Општина Кривогаштани за подигнување на јавната свест за опасностите од трговија со луѓе

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Денеска (02 .12 2024 ) бевме гости во Општина Кривогаштани.
Општина Кривогаштани / Municipality of Krivogashtani е вклучена во мрежата на иницијативата на Радио Пела  “Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ што е дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“, за борба против трговијата со луѓе, која има за цел на непосреден начин да ја запознае локалната заедница и да ја подигне јавната свест за опасностите од трговија со луѓе, со акцент на трговија со деца за присилни бракови – за препознавање, алармирање и спречување на оваа појава.
 Во рамките на иницијативата пред кривогаштанската публика беше прикажана  театарската претстава “Maѓепсан круг” во изведба на драмската секција при СОУ “Ѓорче Петров„-Прилеп, која ја сочинуваат четири одвоени приказни за деца тргувани за принудни бракови и ја идентификува сиромаштијата како основна причина на ова појава. Претставата делуваше емотивно и успеа да ја подигне свеста кај локалната заедница во Општина Кривогаштани за опасностите од трговија со деца за присилни бракови.
Воедно, младите од Општина Кривогаштани пројави интерес да ја чујат и радио драмата која го носи истото име „Маѓепсан круг“, па екипата на Радио Пела им подари УСБ со аудио драмата.
Активноста е дел од иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ на Радио Пела и е поддржана од проектот „Зајакнување на активностите против трговија со луѓе во Северна Македонија“, како дел од заедничката иницијатива на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. Ставовите изразени во оваа активност на ниту еден начин не може да се сметаат дека го одразуваат официјалното мислење на Европската Унија или на Советот на Европа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: