Прекинато судењето за „Пулс“: На газдата на објектот не му било добро, мајка на жртва ги покажа модрите вени од инфузии!

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Потресни сцени, вербални пресметки и прекин на рочиштето го одбележаа денешното судење за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“.

Додека преживеаните сведочеа за стампедото и „спуштениот плафон“ кој станал огнена стапица, одбраната издејствува прекин поради влошената здравствена состојба на еден од обвинетите.

Тензиите го достигнаа врвот кога адвокатката на Гроздан Милковски (сопственик на објектот) побара прекин на судењето бидејќи обвинетиот не се чувствувал добро.

Ова предизвика бурен револт кај родителите на настраданите деца.Мајка на 17-годишна жртва ги засука ракавите пред судијката, покажувајќи ги модрите вени:

Сабајле ми ја откачија инфузијата за да дојдам на судењето, попладне се враќам во болница. Моето дете е во гроб, а овој човек кој ќутеше додека му ги полнеа џебовите, сега е неарен и бара прекин“, низ солзи реагираше мајката.

Иако судијката Дијана Груевска-Илиевска првично даде само пауза, судењето на крајот беше прекинато.

За преживеаните и семејствата на 63-те жртви, најголемиот страв остануваат долгорочните последици од вдишувањето на токсичниот црн чад, додека правдата, барем за денеска, е ставена на чекање.

Извор:4news.mk

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Притворен 38 годишен охриѓанец, кој во девет наврати измамил жители на Виница и Штип за над 3,5 милиони денари

Триесет и осумгодишен охриѓанец заврши во притвор. Тој се товари за измама на шест лица во Штип и три во Виница, со што се стекнал со над 3,5 милиони денари. Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека расчистени се девет сторени кривични дела „измама“ за лажни сообраќајни незгоди. На ден 04.02.2026 од страна на

Сведоштво на пожарникарот Паунов за трагедијата во Кочани: Пристигнавме во „Пулс“ пет минути по дојавата, имаше многу заглавени лица

Противпожарниот тим дојавата за пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја примил во 2:35 часот, а бил изгаснат околу 4 часот. Пожарникарот Благој Паунов, кој со уште еден колега пристигнале како прво противпожарно возило, на денешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сведочеше дека кога пристигнале на местото на настанот пет минути по

Членовите на ДПД – Кочани го пречекаа новото возило за гасње шумски пожари

На свечен начин, дел од членовите на Доброволното противпожарно друштво – Кочани вечерва го пречекаа новото противпожарно возило марка „Мерцедес“, кое пристигна како донација од Германија. Станува збор за современо навално возило со високи перформанси и погон на сите четири тркала, наменето за брза и ефикасна интервенција во различни услови на терен. Со оваа донација,