Предлог за 13 Величествени, Ангела Конеска – херој од секојдневието со срце поголемо од стравот

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Предлог на Радио Пела за 13 Величествени е Ангела Конеска – херој од секојдневието со срце поголемо од стравот

Во време кога секојдневието често носи рамнодушност, постапката на Ангела Конеска успеа да го привлече вниманието на јавноста и медиумите. Таа стана симбол на хуманоста, добрината и храброста, откако без двоумење се впушти во спасувањето на едно беспомошно кученце кое се најде во опасност.

Чинот не само што го спаси животот на животното, туку и потсети дека хуманоста не е голем гест, туку секојдневна одлука да се помогне. Локалните медиуми ја истакнаа како „херој на секојдневието“, пренесувајќи ја нејзината приказна како инспирација за граѓаните.

Со оваа, нескојдневна, храбра интервенција за Прилеп, Ангела Конеска не само што го спаси кученцето, туку и ја поттикна јавноста да размисли за важноста на емпатијата и солидарноста. Таа покажа дека токму со ваквите дела на човечност што ја покажуваме во најобичните моменти, ние правиме големи дела.

Порака до заедницата: Постапката на Конеска е потсетник дека секој може да биде херој – со мала, но значајна акција која спасува живот.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Омаж за Дарко Дамески-актерот кој остави траен белег во македонското глумиште

По повод  55-годишнината откако Дамески ја доби наградата „Златна Арена“ за најдобар актер на ексјугословенскиот филмски фестивал во Пула за улогата во „Црно семе“, култниот филм на Кирил Ценевски од 1971, во киното „Мис Стон“ во Прилеп на 28 мај ќе се одржи омаж за легендарниот актер Дарко Дамески (1932-1983)...

Отворен напланиот центар во Точила на Комуналец и Водовод

По барање на жителите на една од најголемите населби “Точила“, повторно е отворен наплатниот центар на двете ЈКП, Комуналец и Водовод и Канализација, кој беше неколку години вон функција. Со наплатниот центар ќе се овозможи поефикасна наплата, зашто жителите од оваа населба повеќе не ќе мораат наплатата да ја вршат...

Билетите за „Чернодрински“ онлајн достапни од 28 мај, на касата – од 1 јуни

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба в четврток (28 мај) од 10 часот преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во...