Почина легендарниот Халид Бешлиќ – Прилепчани го паметат по настапот на „Пивофест 2013“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Легендарниот босански фолк пејач Халид Бешлиќ почина денеска (07.10 2025)  на 72-годишна возраст, по кратка борба со тешка болест.

Во текот на својот живот, тој издаде повеќе од десет студиски албуми и одржа стотици концерти низ целиот свет, а покрај својата музичка креативност, беше познат и по својата скромност и хуманитарна работа, и беше омилен пејач во сите земји од нашиот регион.

Халид Бешлиќ концертно го посети и Прилеп.Тој  настапи на 11 – тиот по ред „Пивофест“ 2013 година, како специјален гостин во третата фестивалска вечер.

Роден е на 20 ноември 1953 година во Кнежина кај Сокоч и остави неизбришлив белег на музичката сцена на поранешна Југославија и пошироко.
Неговата кариера, која траеше повеќе од четири децении, вклучува безброј хитови кои станаа зимзелени и неопходен дел од секоја забавна, радио и кафанска музика. Меѓу неговите најголеми хитови се: „Миљачка“, „Не можам да живеам без тебе“, „Романија“, „Еј Зора, не се буди“, „Прв бакнеж“, „Не сакам, не сакам дијаманти“, „Сакам да се случи“, „Се враќам кај мајка ми во Босна“ и многу други. Неговите песни ќе продолжат да живеат на свадби, во кафеани, на радија и во срцата на милиони луѓе. Тој не беше само музичар, туку пријател на народот, глас на една генерација и симбол на човечност.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)По петти пат адреналински Фестивал на отворено „SAMOKOV EXTREME 2026“

Фестивал во природа: пешачење, планинарење, возење со теренски возила, мотокрос и АТВ возила, на недопредни природни убавини во Поречието, органска храна, љубезни домаќини, тоа е годинава ќе го понуди „Samokov Extreme“. Се организира по 5-ти пат во Општина Македонски Брод на 6 и 7 јуни. Целта е развој на туризмот...

„Блуз во душата“ емоции кои зрачат во најновото музичко остварување на таткото и синот Јагуриноски

Вистинска приказна пренесена преку тага и каење кои што зрачат од секоја нота и збор. “Блуз во душата” е најновата авторска песна на Игор Јагуриноски. Тој се потпишува на текстот, музиката, изведбата, студискиот дел и видео продукцијата во соработка со неговиот син Михаил Јагуриноски, задолжен за изведбата на соло гитарите,...

Со „Девојките на Марко“ сцената оживеа со харизма, хумор и маестрална игра

Преку комедијата „Девојките на Марко“, прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ и одличната актерската екипа: Наташа Ачански, Јасмина Мицовска Станкоска, Марија Спиркоска Илијеска, Лора Штарго, Димитар Ѓоргиевски и Илија Волчески, само потврдија и докажаа дека во Прилеп не е загубен духот на мајтапот, здравиот хумор, шегата и смеата. Публиката ракоплескаше со жар...